„Пропагандната машинерија е пуштена на најјако, секојдневно се заплашуваат граѓан(к)ите и им се пласираат (дез)информации за некаква кантонизација, федерализација, албанизација, антиНАТО, антиЕУ кампањи, ги плашат со мигрантски кампови и слично… И додека граѓаните ги полнат со „патриотизам“ и „национализам“, пропагантистите своите џебови ги полнат со евра, долари, рубљи…
Вчера во Скопје имаше убав гест, наместо да се „тепаат“ за крстот, верниците решија здружено и прегрнати да го фатат. Пораката што ја упатија беше дека македонскиот народ треба да биде сплотен, заедно и да не се дели. Но, пораката за сплотеност и заедништво „им падна во вода“ отакако почнаа да извикуваат „Никогаш Северна, само Македонија“…“.
Извадок од колумната „Кога жртвите на пропагандата ќе зуцнат“, од Дехран Муратов. Објавено на 20 јануари, 2022 година.