ДРАГАН МИШЕВ
Божиќ официјално пристигна во Сохо, кога улицата Карнаби ги вклучи своите празнични светла „All Is Bright“, привлекувајќи илјадници Лондончани на една од најпознатите трговски улици во градот.
Годишниот настан за божиќно осветлување беше домаќин на водителката и презентерка Еј Џеј Одуду, а могулката за убавина Шарлот Тилбери MBE се појави изненадувачки за да го вклучи прекинувачот и да ја осветли улицатапри што беше пречекана со овации од илјадници Лондончани кога шарениот спектар го осветли ноќното небо.
View this post on Instagram
Посетителите беа почестени со настапи во живо, вклучувајќи флеш-моб од 150 лица од хорот „Some Voices“ кој ја изведе „All You Need Is Love“. Еј Џеј Одуду блескаше во празнична шминка создадена од тимот на Тилбери пред да ја поведе толпата на одбројувањето.
Кампањата за 2025 година, исто така, го поддржува Центарпоинт, собирајќи витални средства за младите луѓе кои се соочуваат со бездомништво. Кингли Корт ќе биде домаќин на настани за собирање средства во текот на целата сезона, додека точки за донации со QR кодови ќе бидат поставени во продавници, барови и ресторани.
Додека во Лондон и други градови на западната хемисфера се радуваат на празничните манифестации кои го најавуваат доаѓањето на Божиќ и Нова Година, на тужниот, пардон, јужниот крај на Европа, дел од жителите на главниот град, заедно со премиерот и новоизбраниот градоначалнил се радуваа на брмќењето и вклучените ротациони светла на дотраената механизација за собирање ѓубре, кој беше собрана на паркингот пред една спортска сала, како пред инвазија, во исчекување на премиерскиот знак да тргнат да го собираат ѓубрето по Скопје. Ѓубрето кое истата номенклатура, која претходните 4 години го раководеше градот, а последната година и половина и државата, го стави намерно несобрано со месеци пред изборите.
ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.












