• Latest

Додека Мијалков се шета во Монако со „Ферари“, државата очекува да земе повеќе од 20 милиони евра од неговиот конфискуван, но сè уште непродаден имот

January 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Додека Мијалков се шета во Монако со „Ферари“, државата очекува да земе повеќе од 20 милиони евра од неговиот конфискуван, но сè уште непродаден имот

January 10, 2025 20:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 20 милиони евра треба да бидат вратени во државниот буџет од продажбата на конфискуваниот имот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, но дури откако Агенцијата за управување со одземен имот ќе го продаде целиот имот што му го заплени Обвинителството во случајот „Империја“ за кој тој се спогоди и одлежа неколку години во отворениот струшки затвор.

Јавноста почна пак да пресметува колку тежи Мијалков за да може со црвено „ферари“ да се луксузира во ресторан во Монако со три мишелин ѕвезди каде што одат најголемите холивудски ѕвезди.

– Вкупниот проценет недвижен имот изготвен од Министерство за правда – Биро за процени е во износ од 21.450.000 евра, што значи дека во Буџетот на државата ќе се префрлат најмалку во тој износ – велат од Агенцијата во одговор за „Слободен печат“.

Од целиот имот што беше запленет со правосилна судска пресуда уште во јули 2022 година, досега се продадени два апартмана во Охрид и градежно земјиште во селото Радња (меѓу Демир Капија и Кавадарци) вредни 250 илјади евра и три стана и една гаража во износ од 332 илјади евра, или во буџетот се вратени речиси 600 илјади евра.

Oвие три станoви и гаража што се споменуваат и се наоѓаат на Водно, всушност пред точно една година ги купи фирмата „Бест веј инвестмент“, која е во сопственост на синот на Мијалков, Јордан Мијалков. Овој имот беше продаден во ноември на јавно наддавање преку Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што пред продажбата тогашниот директор Бесим Небиу обелодени дека биле заплашувани од сопственици на имотот при обидите за продажба.

На јавното наддавање децидно е забрането учество на осуденото лице, но Мијалков како што ги изигра законите и пред издржувањето на затворската казна го смени местото на живеење од Скопје во Охрид за да ја издржува затворската казна во отворен затвор, така и тогаш си ги врати преку фирма на синот.

По промената на власта во Агенцијата беше назначена нова директорка, Ирена Илиевска, која за многу брзо време најавува објавување јавен оглас за продажба на останатиот имот и тоа 20 стана и осум гаражни места на Водно, поточно на улицата „Славејко Арсов“, два апартмана во хотел „Панорама резиденс“, два апартмана во хотелот „Парк“ во Охрид.

Ќе се продава и градежно земјиште во Радња, Центар и во Богородица, како и деловен простор на улица „11 Октомври“ во Скопје.

Што му заплени Обвинителството?

Во случајот „Империја“ Мијалков беше осуден на казна затвор од три години и се спогоди со Обвинителството, призна вина и беше прогласен за виновен за злосторничко здружување и противправно стекнување и прикривање имот. Всушност, Обвинителството го товареше дека дејствата ги извршувал со другите осомничени во предметот, меѓу кои и бизнисменот Орце Камчев, преку правни лица односно фирми основани во државава на кои им била прикривана сопственоста, но и офшор компании во странство. / СП.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ