• Latest

Додека светот ја следи Украина, Путин тивко ја окупира Белорусија

February 4, 2022
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Додека светот ја следи Украина, Путин тивко ја окупира Белорусија

February 4, 2022 16:30
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БРАЈАН ВИТМОР /Atlantic Council

Александар Лукашенко е спремен да оди во војна, или така барем вели.

Во три и пол часовно обраќање до нацијата минатата недела, автократскиот белоруски лидер објави „Ако нашата земја се соочи со агресија, ќе има стотици илјади руски војници тука, кои ќе ја бранат оваа света земја заедно со стотици илјади Белоруси.

Путин – Лукашенко

Лукашенко говореше додека руски трупи продолжија во голема мера да се распоредуваат во Белорусија, од кои многумина заземаа позиции долж јужната граница на земјата со Украина долга 1000км.

Говорејќи на Советот за безбедност на Обединетите нации на 31 јануари, американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд забележа дека Русија веќе распоредила околу 5.000 војници во Белорисија заедно со балистички ракети со краток дострел, специјални сили и противвоздушни батерии. „Гледаме докази дека Русија има намера да го прошири тоа присуство на повеќе од 30.000 војници во близина на белоруско-украинската граница, на помалку од два часа северно од Киев, до почетокот на февруари“, истакна таа.

Со брзото проширување на руското воено присуството во Белорусија, американскиот Стејт департмент им наложи на членовите на семејствата на дипломати и вработени во амбасадата во Минск да ја напуштат земјата. Стејт департментот, исто така, ги предупреди амерканските граѓани да не патуваат во Белорусија, наведувајќи го „невообичаеното и загрижувачки руско воено трупање“.

Руски воени вежби во Белорусија

Промената на геополитичкиот статус на Белоруија во изминатите 18 месеци претставува една од најдраматичните промени во безбедносниот калкулус во источна Европа од руската незаконска анексија на Крим во 2014 година, а можеби и од крајот на Студената војна.

Изменетата безбедносна равенка е нагласена со сегашните ризични потези на Русија на украинската граница, давајќи Й ја на Москва можноста да ја опкружи и нападне Украина од север, исток и југ. Тоа, исто така, значи дека руската војска сега се наоѓа на белуруската граница со Украина на помалку од два часа од Киев.

Нестрпливото учество на Лукашенко во опкружувањето на Украина од страна на Путин и неговиот конфронтирачки став се релативно нови феномени што даваат дел од објаснувањето за сопствената одлука на лидерот на Кремљ за заземање на таков агресивен став во овој момент.

По руската анексија на Крим и вооружената интервенција во источниот украински регион Донбас во 2014 година, Лукашенко јасно стави до знање дека ја отфрла идејата на Путин за Белорусија да биде дел од т.н „Руски Свет“. Тој, исто така, изјави дека нема да дозволи белоруската територија да се користи за напад на трета страна и оддржа добри односи со прозападното раководство во Украина, додека истовремено се обидуваше да ја држи вратата отворена за подобри односи со Западот.

Руски воени вежби во Белорусија

Со години, Лукашенко даваше отпор на напорите на Кремљ за изградба на нова руска воздухопловна база во Белорусија. И за време на заедничките воени вежби „Запад-17“ со Русија, тој даде сė од себе да ги увери европските соседи на Белорусија дека вежбите нема да се користат како изговор за агресија.

Како што сведочев пред американскиот Хелсиншки комитет во ноември 2019 година, Лукашенко „не беше заинтерисиран да го жртвува суверинитетот на Белорусија“ и тој имаше „малку придобивки од воена пресметка или конфликт со Западот во кои неговата земја би била на линијата на фронтот“.

Нешто повеќе од две години потоа, тој е јасно на геополитичката линија на фронтот и се чини дека ужива во тоа. Оспоруваните претседателски избори во Белорусија во август 2020 година, масовните улични протести што беа предизвикани од истите и бруталната акција на Лукашенко во однос на несогласувањето го наведе диктаторот во Минск  да заклучи дека неговата единствена шанса за политички опстанок е да се задржи за Путин што е можно поцврсто.

Руски воени вежби во Белорусија

Држењето до Путин за сопствен опстанок има своја цена. Таква една цена за Путиновиот спас е Белорусија да стане платформа за руската војска.

Последниве месеци, Лукашенко ја призна анексијата на Крим од страна на Москва, експлицитно стави до знаење дека ќе ја поддржи Русија во војна со Украина, понуди да биде домаќин на руско нуклеарно оружје и се согласи на редовни воени вежби и ротации на војници, што значи постојано руско воено присуство во Белорусија. Лукашенко, исто така, се има согласено да биде домаќин на заеднички воен центар за обука во Гродно, во близина на белоруската граница со Полска и Литванија, што ефективно ќе служи како руска воена база.

Како што Густав Гресел и Павел Слункин забележуваат во еден неодамнешен напис за Европскиот совет за надворешни односи, Лукашенко неодамна се согласи да Й дозволи на Русија скоро неограничена употреба на четири воздухопловни бази, база со ракетен систем земја-воздух и околу 30 складишни локации на територијата на Белорусија. Пред август 2020 година, Белорусија строго ја ограничуваше руската употреба на тие локации за закажани маневри. Но, ова се промени благодарејќи на колапсот на легитимитетот на Лукашенко и неговата растечка потреба за руска помош, што Й обезбеди на Москва можност да ги користи овие објекти речиси како што сака“, напишаа тие.

Најдиректната последица од променетата геополитичка позиција на Белорусија и руската милитаризација на нејзината територија може да се види со сегашната криза што Москва ја провоцира на украинските граници. Со Белорусија како платформа, Русија сега може да напаѓа од повеќе правци, да ја распрсне украинската одбрана и полесно да го опкружи Киев.

Но, како што Гресел и Слункин забележуваат, „може да се очекува Москва да одржи одредено ниво на воено присуство во Белорусија и по сегашната криза“. Тие додаваат дека “без разлика дали Русија повторно ќе ја нападне Украина, територијата на Белорусија сė повеќе ќе станува извор на воена закана за сите нејзини западни соседи, не само за Украина“.

Безбедносниот калкулус во источна Европа е драматично повознемирувачки денес отколку што беше пред само 18 месеци. Ова претставува закана за сите неруски соседи на Белорусија, вклучувајќи ги и НАТО членките Латвија, Литванија и Полска, како и Украина.

 


Наслов на оригиналот: While the world watches Ukraine, Putin is quietly occupying Belarus

By Brian Whitmore for the Atlantic Council

Брајан Витмор е нерезидентен виш научен соработник на Евроазискиот центар на Атлантскиот совет, асистент на Универзитетот на Тексас во Арлингтон и водител на Power Vertical Podcast.

Превод од англиски: Наташа Цветковска/ЦИВИЛ

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ