• Latest

Доделени 35 договори од последната фаза од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти

July 30, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Доделени 35 договори од последната фаза од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти

July 30, 2021 14:35
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се доделени 35 договори од последната фаза од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти.

„Задоволен сум од соработката со ТАВ Македонија и сите општини кои аплицираа за договорите, а плод на ова трипартитно партнерство се вкупно 94 инфраструктурни проекти кои се директно насочени кон секојдневните реални потреби на граѓаните во вредност од 49,7 милиони евра што во наредниот период ќе се реализираат во 75 општини низ  целата земја“, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на доделувањето на третата последна група договори од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти.

Со вкупно 35-те договори за реализација на инфраструктурни проекти во 32 општини, како и за подобрување на условите на терминалите на Скопскиот и Охридскиот аеродром  во вкупна вредност од 22,3 милиони евра што денеска беа врачени, предвидено е да се реализираат 14 проекти од комуналната инфраструктура, 10 за улици и патишта, седум за водоснабдување, два за реновирање на домови и еден за изградба на мост.

-Со денешниот настан успешно го комплетираме процесот на доделување на договорите и следува периодот на нивна реализација.  Сигурен сум дека ТАВ и сите општини ќе вложат напори сите проекти да се реализираат со предвидената динамика. Во целата земја ќе се спроведуваат инфраструктурни проекти за да бидат подобро поврзани нашите населени места и да имаат квалитетно и континуирано водоснабдување. Ќе го зголемиме квалитетот на комуналните услуги, ќе обезбедиме повисоко нивоа на заштита на животната средина, ќе се работи на училишни згради, болници, домови на култура, младински центри, домови за стари лица,  рече Битиќи и додаде дека на тој начин граѓаните ќе добијат поквалитетен живот во местата во кои живеат.

Со тоа, потенцира, покажуваме дека мислиме на сите независно каде живеат во државата.

-Граѓаните имаат потреба од квалитетна комунална инфраструктура и тоа е предизвик кој како Влада се нафативме да го надминеме со сериозен пристап и ангажираност. Во таа насока во оваа трета група ќе се реализира проект за изградба на канализациски линии во Вевчани, ќе започне изградба на примарна и секундарна канализација во селото Орман во Ѓорче Петров, ќе се гради фекална канализација во село Лешани, посочи Битиќи.

Нагласи дека досега во ист момент немало толкав обем на реализација на проекти наменет за вистинските потреби на граѓаните.

Во одговор на новинарско прашање истакна дека во 2017 година во земјава имаше покриеност од само 17 отсто со канализациски мрежи, а сега со проектите кои се реализирани и се во тек покриеноста достигна до 31 отсто. Најави дека Владата и понатаму ќе финансира вакви проекти и ги повика градоначалниците да подготват проектна документација и да аплицираат за средства.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак нагласи дека денеска се  потпишуваат договорите за 35 проекти во вредност од 22,3 милиони евра, што е трет дел од вкупно 49,7 милиони евра што се пренаменети наместо да се изгради карго-аеродром во Штип.

-Од овие 35 проекти, 34 се проекти на општините, додека еден е проект за инвестиции на двата македонски аеродроми во вредност од 14,7 милиони евра, рече Батак.

Меѓу проектите на општините во овој трет пакет, прецизира, има локални патишта, водоводи, канализации и други видови градежни работи за општествено значајни проекти кои, како што кажа, ќе создадат поголема вредност за луѓето и за целото општество.

-Како општествено одговорна компанија, ние силно веруваме дека бизнис-инвестициите треба да дадат бизнис-резултати, но и подобрување на животот на македонските граѓани. Среќни сме што сме овде со Владата, како наш партнер, и горди што ја исполнуваме нашата обврска како концесионер на аеродромите, истакна Батак.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ