• Latest

Додик, Џаферовиќ и Комшиќ победија на изборите во БиХ

October 8, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Додик, Џаферовиќ и Комшиќ победија на изборите во БиХ

October 8, 2018 09:48
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Според првите неофицијални резултати, кои ноќеска ги објави Централната изборна комисија, новите членови на Претседателството на Босна и Херцеговина се Шефик Џаферовиќ кој освои 37,97 отсто од гласовите, Жељко Комшиќ со 49,47 отсто и Милорад Додик со 55,15 проценти.

Централната изборна комисија најави дека првите и нецелосни резултати од гласањето за второто ниво на власт, односно за државниот и парламентите на двата ентитети, претседател и заменик претседател на Република Српска, како и за собранијата на кантоните во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе бидат објавени денеска.

Ова се резултати што беа објавени по преборјување на 43,42 отсто од гласовите.

Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Петриќ потврди дека на изборите излегле 53,36 отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина со право на глас, во ентитетот Федерација БиХ 51,25 отсто, во РС 57,30 отсто, а во областа Брчко 46, 81 проценти.

Сето ова е приближно на нивото на одзив од 2014 година, коментира Ал Џезира Балкан.

Изборниот процес беше во целост регуларен, иако се регистрирани помали потешкотии, изјави Петриќ.

Од другите кандидати за член на Претседателството на БиХ од редот на бошњачкиот народ, Денис Беќировиќ освои 33,40 отсто од гласовите, Фахрудин Радончиќ 12,35 отсто, Мирсад Хаџикадиќ 8,55 отсто, Сенад Шепиќ 6,13 отсто и Амер Јерлагиќ 1,59 проценти.

На изборите за член на Претседателството на Босна и Херцеговина од редовите на хрватскиот народ, Драган Човиќ освои 38,66 отсто, Дијана Зеленика 6,92 проценти, Бориша Фалатар 3,23 отсто, а Јерко Иванковиќ Лијановиќ 1,72 проценти.

Што се однесува до изборите за член на Претседателството на БиХ од редовите на српскиот народ, Младен Иваниќ освои 41,98 отсто од гласовите, Гојко Кличковиќ 1,49 отсто и Мирјана Поповиќ 1,38 отсто.

Прогласувајќи победа, кандидатот на Демократскиот фронт и Граѓанскиот сојуз Жељко Комшиќ, кој веќе два пати бил член на Претседателството на Босна и Херцеговина (2006-14), порача дека „сака да им служи на сите граѓани на Босна и Херцеговина, и оти на сите им стои на располагање“.

На сите Хрвати во цела Босна и Херцеговина им порача дека „немаат причина за загриженост”, затоа што тој сега е избран во Претседателството на БиХ.

И кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик прогласи победа, потврдувајќи дека и неговата партиска колешка Жељка Цвијановиќ победила во трката за претседател на ентитетот.

– Мојата победа е чиста како солза, а мојата политика во Претседателството на Босна и Херцеговина ќе биде РС пред се, најави Додик.

Коалицијата на невладини организации Под лупа, која распореди најмалку 4.000 набљудувачи на избирачките места, соопшти дека за време на гласањето биле забележани 329 „критични ситуации“, меѓу кои имало прекршувања на изборните правила и упади на избирачките места.

Директорот на Коалицијата, Дарио Јовановиќ потврди дека 159 такви спорни ситуации биле решени брзо, и не влијаеле на регуларноста на изборниот процес.

На изборите учествуваа вкупно 128 политички субјекти, и тоа значи дека условите за кандидирање ги исполнија 53 политички партии, 36 коалиции и 46 независни кандидати.

На изборните листи беа имиња на 7.497 луѓе кои сакаат да бидат дел од власта.

Тие се натпреваруваа за членови на Претседателството на БиХ, за пратеници во Парламентот на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентатот федерацијата на БиХ, претставници во Народното Собрание на РС, за претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет и за пратеници во собранија на десет жупании во Федрацијата БиХ. (МИА)

Tags: Босна и Херцеговинаизборирезултати
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ