Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој е во Москва по повод прославата на Денот на победата, изјави дека разговарал со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и истакна дека секогаш е посебно кога разговарате со водачот на народот кој низ историјата го докажал своето пријателство кон српскиот народ, пренесоа српски медиуми.
„Претседателот Путин уште еднаш покажа дека навистина ја разбира позицијата на нашиот народ и ја поддржува Република Српска во нејзината борба за зачувување на идентитетот и стабилноста“, напиша Додик на X.
Тој изјави дека нашиот однос со Русија не е само политички, туку и братски и историски. Република Српска останува посветена на зајакнување на односите со Русија, бидејќи пријателството кое трае со децении не може да биде разнишано од никаков притисок однадвор“, рече Додик.
Тој исто така изјави дека разговарал и со претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, во Кремљ.
„Големите сили не стануваат големи само поради нивната моќ, туку и поради почитта кон малите нации. Кинескиот претседател го покажува ова со своите постапки – отворено, пријателски и со визија за заеднички развој“, рече Додик.
„Секоја искрено подадена рака е чекор напред за нашите народи. Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината“, изјави Додик на платформата Х.
Д. Т.