• Latest
Жарко Трајаноски

Договорот со Бугарија е договор за иднината, а не за минатото и историјата!

January 31, 2022

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Договорот со Бугарија е договор за иднината, а не за минатото и историјата!

Како се случи овој договор за иднината да биде злоупотребен со пропагандни толкувања на изразот „заедничка историја“, кога во договорот убаво си пишува дека станува збор за „заедничка историја“ која „ги поврзува двете држави и нивните народи“, а не за „заедничка историја“ која ги раздвојува и дели двете држави и нивните народи?

January 31, 2022 13:18
in АНАЛИЗИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Постигнатиот „Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“ (01.08.2017) има само 5 страни и 14 члена. Сите членови од договорот се однесуваат на иднината и главно содржат „ќе“ во формулациите.

На пример, во Договорот пишува: „Двете Договорни страни ќе развиваат сестрани односи…“ (чл. 1), „ќе соработуваат“, „ќе ја развиваат соработката“ (чл. 2), „ќе помагаат за развој на соработката“ (чл. 3), „ќе одржуваат контакти и ќе остваруваат средби“ (чл. 4), „ќе ги поттикнуваат заедничките инвестиции“ (чл. 5), „ќе го поддржуваат зголемувањето на туристичката размена“ (чл. 6), „ќе ги прошируваат и усовршуваат транспортните врски и комуникациите“ и „ќе се стремат кон олеснување на царинските и граничните формалности за патниците и стоките“ (чл. 7), „ќе ја поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието, здравството, социјалната грижа и спортот“ (чл. 8), „ќе прават напори за слободно распространување на информации“ (чл. 9), „ќе ја унапредуваат соработката во правната и конзуларната област“ (чл. 10), „ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда“ (чл. 11 ст. 6), „ќе основаат Заедничка меѓувладина комисија“ (чл. 12), итн.

Сите овие примери се доказ дека Договорот со Бугарија од 2017 во суштина е договор за иднината, а не за минатото!

Во потрага по „заедничка историја“ што поврзува „во духот на европските вредности“

Како се случи политичкиот договор од 2017 година да биде перципиран и третиран како договор за минатото, а не за иднината, кога изразот „заедничка историја“ се среќава само еднаш во договорот –  „Имајќи ја предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи…“ (на првата страна, во преамбулата)?

Како се случи овој договор за иднината да биде злоупотребен со пропагандни толкувања на изразот „заедничка историја“, кога во договорот убаво си пишува дека станува збор за „заедничка историја“ која „ги поврзува двете држави и нивните народи“, а не за „заедничка историја“ која ги раздвојува и дели двете држави и нивните народи?

Точно е дека во договорот се среќава уште неколку пати зборот „историски“, во член 8 од договорот, став 2 и став 3, и тоа со следниве значења:

„2. Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.

3. Двете Договорни страни ќе организираат со заемна согласност заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.“

Како дојде до тоа да се злоупотребува „Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања“, кога во договорот се јасно формулирани нејзините цели:

  • Да придонесе за „научно толкување на историските настани“, кое ќе биде „објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори“.
  • Да дефинира „заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности“, за да се постигне „заемна согласност заеднички чествувања“ („Имајќи ја предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи…“).

Па, толку ли е тешко да се дефинираат неколку „заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности“? Толку ли е тешко да се даде „научно толкување на историски настани“ кои ќе нѐ поврзуваат, и ќе ги зајакнуваат „добрососедските односи во духот на европските вредности“?

Наместо унапредување на соработката, непријателска блокада и продлабочување на омразата

Наместо унапредување на соработката во сите споменати полиња, и „историски“ договор  во духот на европските вредности“, сведоци сме на дејствија кои што договорот експлицитно ги забранува. На пример, договорот забранува „дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер“ (чл. 11 ст. 1). Има ли поочигледно дејство со непријателски карактер од ставањето на вето за почеток на преговори на соседната земја и поставување уценувачки услови кои не се содржани во договорот за пријателство?

Исто така, во договорот јасно стои дека „Двете договорни страни немаат и нема да пројавуваат територијални претензии една спрема друга“ (чл. 11 ст. 3). Оттаму, чуму беше потребна дополнителна нота дека „Северна Македонија“ нема територијални претензии кон Бугарија, кога тоа јасно си го пишува во договорот?

Како се случи, наспроти договорот за пријателство, една од владејачките партии во Бугарија во 2021 да излезе со предизборен спот во кој се промовира пропаганден слоган дека „Македонија е бугарска, а Бугарија е над сѐ“? Зошто сè уште и се дозволува на истата партија (која во меѓувреме не успеа ни да влезе во парламентот) да води недобронамерна пропаганда со слоганот „Македонија е бугарска“ – кога во договорот јасно си стои дека „двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи.“ (чл. 11 ст. 6)

Зошто Бугарија не презема никакви мерки за спречување на недобронамерна пропаганда, туку во бугарските медиуми во изминативе неколку години се изнаредија стотици лица, кои како да се натпреваруваа кој поубедливо ќе го оцрни „македонизмот“, и со тоа ќе поттикне повеќе нетрпеливост и омраза кон Македонците, македонскиот идентитет и македонскиот јазик?

Во вториот дел од анализата ќе аргументираме зошто бугарската медиумска пропаганда против „македонизмот“ не придонесува за меѓусебното почитување, доверба, разбирање, и добрососедство, туку е генератор на неразбирање, непочитување, непризнавање на основните човекови права, и поттикнување на нетрпеливост, омраза и раздор.

Исто така, ќе аргументираме и дека со медиумската хајка против „македонизмот“, се газат и принципите на Повелбата на Обединетите нации и документите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и демократските принципи содржани во актите на Советот на Европа. Сè додека во Бугарија нема политичка волја за спречување на недобронамерната пропаганда против „македонизмот“, тешко може да стане збор за политичка волја за пријателство, добрососедство и соработка, која беше изразена во договорот од 2017 година.

(Продолжува: Бугарската пропаганда против „македонизмот“)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ