• Latest
Фото: Фејсбук

Дојде време да бираме – децата или партиите

March 27, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖА

Дојде време да бираме – децата или партиите

March 27, 2025 18:05
in МРЕЖА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter
Дојде време да бираме – децата или партиите.
Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе. Ги бранат како да се нивно семејство, се караат со пријатели за нив, ги оправдуваат нивните грешки како да им должат нешто. Но, дали некогаш сте се запрашале што добивате за таа лојалност?

Политичарите се менуваат, партиите доаѓаат и си одат, но нашите проблеми остануваат исти. Патиштата се распаѓаат, болниците се без основни услови, институциите не функционираат, а животот станува се потежок. И секогаш слушаме едно исто „Кога ќе дојдеме ние, ќе биде подобро“. Но, дали некогаш навистина стана подобро?
Проблемите не се нови, но никој не ги решава
Зошто требаше да се случи трагедија за да се сети целата држава дека Кочани постои? Граѓаните пред само неколку месеци протестираа 19 дена без прекин, барајќи конечно решение за депонијата. Им беше ветено дека ќе се донесе одлука да не се носи отпад од други општини. Ветувањето беше дадено, беше изгласано но што се случи? На празникот Свети Никола, со полициска придружба, отпадот повторно беше фрлен на истата депонија.
Министерот за животна средина не дојде да ги слушне граѓаните. Пратеникот од Кочани ниту еднаш не застанаа пред јавноста да бара решение за своите сограѓани. Истото се случува и со други проблеми се додека не дојде некоја трагедија, институциите се глуви.
Додека ние чекаме, тие се грижат само за себе.
Додека граѓаните чекаат промени, политичарите си ги решаваат личните проблеми. Кога треба да се изгласа нов закон за привилегии, нов службен автомобил или покачување на платите нема поделби, нема кавги. Сите се сложни. Секогаш има пари за нивните потреби, но за основните барања на народот „нема буџет“.
Во меѓувреме, здравството е пред колапс. Болниците со години не се реновирани, немаат доволно опрема, а условите се катастрофални. Брзата помош функционира со стари и дотраени возила, најчесто добиени преку донации. Противпожарните единици работат со застарени камиони и недоволен број луѓе.
Патиштата во државата стануваат се поопасни, дупките не се крпат, а кога ќе се случи несреќа виновни се граѓаните, а не институциите кои не ја завршиле својата работа.
Во Кочани, како и во многу други градови, се гради неконтролирано. Секој агол е претворен во градилиште, а никој не знае колку безбедно се градат тие згради. Трговскиот центар во Кочани е блокиран од доградби, а никој не поставува прашање што ако таму се случи несреќа? Кој ќе одговара?
Време е да сфатиме – партиите не се државата.
Граѓаните се тие што плаќаат даноци, што ги полнат буџетите од кои живеат политичарите. Но, додека народот се кара кој политичар е „подобар“, сите тие си седат во удобните фотелји и ги уживаат своите привилегии.
Ако сакаме промена, треба да разбереме дека нема „наш“ и „нивни“ политичари сите се таму за да работат за нас, а не обратно. Кога последен пат сте виделе функционер да биде сменет затоа што не си ја завршил работата? Кога последен пат некој одговарал затоа што ветил, а не исполнил?
Додека не почнеме да бараме одговорност, додека дозволуваме да не’ делат на „нивни“ и „наши“, ништо нема да се смени. Секогаш кога ќе гласаме за лични интереси, наместо за општо добро, ќе добиваме ист резултат.
Системот нема да се промени сам, ние сме системот. Ако почитуваме закони, ако не даваме мито, ако не прифаќаме празни ветувања тогаш нешто ќе се промени. Но, додека веруваме дека некоја партија е поважна од нашите сопствени права, тие ќе продолжат да не користат.
Време е да се запрашаме дали сме подготвени да се промениме самите ние и да започнеме да се почитуваме меѓусебе или ќе бидеме само навивачи на партии кои никогаш нема да се грижат за нас?
Никогаш не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите. Наместо да ги гушнете и да се борите за нив, вие ги избравте партиите што упорно ги гласате 33 години. И никогаш не си признавте заминаа затоа што немавте храброст да се спротивставите на партиите.
Ова е став на админите на оваа страна.
Ова е нашата последна објава на оваа страница, се вели во објавата на фејсбук страната Кочани (Гласот на Кочани), страница создадена за сите граѓаните на Кочани, каде можат да ги споделуваме своите мислења, идеи и предлози со цел да го направиме својот град подобро место за живеење.

Д. Мишев
Tags: гласот на Кочанитрагедија во Кочани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ