Вработена на Клиниката за онкологија за Алсат сведочи дека пациентите биле манипулирани со лековите за рак.
Вработената, која побарала да остане анонимна вели дека терапиите не им се даваат на пациентите во целост, туку половина од ампулата останува да се продава приватно. Таа тврди дека 6 од 20-те лекари кои даваат скапи терапии вредни илјадници евра прават вакви манипулации и дека во одделението на дневната болница има посебен простор од задната врата каде што влегуваат пациенти кои плаќаат.
Според вработената на онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пацинтите во ноќната смена. Скапите терапии за рак се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.
Има наводи и за други злоупотреби на Клиниката за онкологија. Анонимно писмо укажува на сомневања дека во системот се активни лица кои починале пред неколку години, а во нивно име се пишуваат терапии.
Денеска, по барање на Министерот за здравство Беким Сали, досегашниот директор на Онкологија, д-р Нино Васев, поднесе оставка. Во изјава за „Фокус“, Др, Васев соопшти дека се повлекува од лични причини.