Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одлучи да додели финансиска помош – донација за справување со последиците од коронавирусот (COVID-19), во вкупен износ од 105.000.000,00(сто и пет милиони) денари.
Најголемиот дел од средствата или 103.000.000,00 денари се доделуваат на радиодифузерите и тоа:73.000.000,00 денари на радиодифузерите (комерцијални и непрофитни) коишто во моментов вршат телевизиско или радио емитувањеи 30.000.00,00 денари се доделуваат на Јавниот радиодифузен сервис „Македонска радио телевизија“. Овие средства се доделуваат за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства, за трошоци поврзани со производство, набавка и емитување на програма, за санирање на негативните последици врз нивното економското работење поради коронавирусот и овозможување нивно непречено функционирање.
По 1.000.000,00 денари се доделуваат на Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство, наменети за мерки и активности за заштита на своите вработени преку набавка на заштитни средства и набавка на друга опрема и средства неопходни за извршување на активностите на Министерствата за превенција, спречување ширење и справување со последиците од коронавирусот.
Средствата за радиодифузерите ќе бидат распределени на следниов начин:
Со сите субјекти, Агенцијата ќе склучи договори за донација кои ќе стапат на сила веднаш по потпишувањето од страна на договорните страни, а ќе се применуваат по добиеното позитивно мислење за јавниот интерес од страна на Министерството за правда.
Се надеваме дека со оваа мерка ќе се олесни работењето на радиодифузерите и ќе се овозможи нивно непречено функционирање и понатаму. Воедно, уште еднаш ги повикуваме сите медиуми да известуваат професионално и одговорно и да и обезбедуваат на јавноста точни, навремени и објективни информации.