• Latest

Донација од возила и опрема од германската амбасада за Одделот за гранични работи и миграција

April 12, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Донација од возила и опрема од германската амбасада за Одделот за гранични работи и миграција

April 12, 2022 13:17
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешното примопредавање на донацијата од возила и опрема од Амбасадата на Сојузна Република Германија, вредна 675.000 евра, наменета за Одделот за гранични работи и миграција при Бирото за јавна безбедност на МВР на Република Северна Македонија, а донирани од страна на Канцеларијата за врски на германската Сојузна полиција при Амбасадата на Сојузна Република Германија , го изјави следното:

„Ме радува фактот што изминатиов период интензивните реформски зафати во македонската полиција во сите сегменти од нејзиното функционирање, во голема мерка се должат на партнерството и помошта што Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во континуитет ја добива од своите меѓународни пријатели и партнери, меѓу кои несомнено, посебно по својот обем и квалитет би сакал да ја потенцирам поддршката  од Сојузното министерство за внатрешни работи и татковина на Сојузна Република Германија”,

Пред платото на МВР кадешто беше врачена донацијата, министерот Спасовски потенцираше дека целокупната донација е опрема е од најразличен карактер и има за цел во повеќе сегменти да ги подигне капацитетите за работа на Граничната полиција за зајакнување и надополнување на техничките аспекти на граничната полиција, со цел нејзино  полесно и поефикасно функционирање според  современите професионални стандарди и полесно справување со предизвиците во борбата против меѓународните закани и прекуграничниот криминал согласно позитивната пракса на ЕУ.

Во делот на подобрување на мобилноста на Граничната полиција донирани се: 17 возила од кои 10 теренски, 3 комби возила и 4 специјални возила за транспорт на криумчари на мигранти. Во делот на Граничниот надзор донирани се термални камери со краток и долг домет, дневни и ноќни двогледи за зголемена ефикасност и безбедност во постапувањето  на припадниците на Граничната полиција, па Уреди за присилно запирање на возила – ,,СТИНГЕР“ и тактички елечиња, а во делот на подобрување на можностите за следење  на  онлајн обуки – лаптопи и проектори.

„Во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија да изразам огромна благодарност за несебичните заложби и ангажмани на луѓето од Амбасадата на Сојузна Република Германија и до Владата на Сојузна Република Германија, претставувана од Амбасадорот во Република Северна Македонија, Н.Е. Анке Холштајн, за оваа за нас мошне значајна помош, но и за континуираната поддршка во нашите зајакнати реформски процеси, со силна увереност дека соработката ќе продолжи и ќе се интензивира и во претстојниот период”, заврши министерот Спасовски.

Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Н. Е. Анке Холштајн меѓудругото рече дека соработката меѓу македонските и германските служби се одвива одлично, колегијално и со доверба. „Срдечна благодарност за тоа – нешто на што може сите Вие да сте горди, сега треба таа соработка и понатаму да се надградува.”

„Опремата, со која и оваа година сакаме да ја поддржиме и олесниме Вашата важна работа, до сега беше постојано одговорно и професионално користена. Дополнително ќе доставиме опрема за присилно запирање на возила која моментално е уште во царина – со тоа би била покриена целата потреба од ваква опрема за присилно запирање на возила за граничната полиција во следните години. Благодарение на крајно професионалните обуки, така ми беше кажано, таа беше успешно користена, на пример, минатиот јануари, за време на акција за борба против прекуграничниот криминал”, истакна во своето обраќање германската амбасадорка Холштајн.

Оваа донација е дел од програмата за поддршка од Владата на Сојузна Република Германија за МВР – Одделот за гранични работи и миграции, Регионалните Центри за гранични работи и полициските станици од Граничната полиција за 2021 година, но со оглед на отежнатите услови на производство и достава на опремата поради Ковид пандемијата истата се испорачува денеска.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ