• Latest

Дополнителнa заработувачка за докторите, анестезиолозите, сестрите и болничарите кои ќе останат да работат попладне

July 23, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дополнителнa заработувачка за докторите, анестезиолозите, сестрите и болничарите кои ќе останат да работат попладне

Како осигурено лице плаќам осигурување одам на една клиника, сакам да си изберам лекар попладне, да имам преглед или интервенција и плаќам како приватен пациент како да не сум осигуран. Мислам дека тоа е нешто што одеше на рака на приватните болници. Сега дозволуваме да важи осигурувањето и само да се даде ценовник за избор на тимот кој ќе лекува.

July 23, 2019 13:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Промена на договорите што ги потпишале специјализантите, дополнителна заработувачка на докторите и тимовите од анестезиолози, сестри и болничарите кои попладне ќе останат да работат, можност пациентите да изберат лекар, укинување на менаџерскиот испит за директори и пензионираните доктори да можат да работат како консултанти доколку тоа го бара институцијата во која работеле, предвидуваат измените на Законот за здравствена заштита кои се во собраниска процедура, а денеска на средба со новинарите ги презентираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Измените се изготвени на барање на комори, здруженија, млади лекари и невладини организации.

Во врска со промената на договорите кои ги потпишале специјализантите, Филипче рече дека досега за специјализација од шест години тие требало да одработат 12 години, а според измените, враќањето на специјализацијата во време е еден спрема еден, односно за специјализација од шест години тие ќе треба да одработат шест години.

Тој појасни дека досега имало договори што ги потпишале специјализантите, според кои, тие требало да вратат петкратен или десеткратен износ, односно ако некои специјализации чинеле 12.000 евра, тие требало да вратат до 120.000 евра. Според измената, сега за специјализации од 12.000 евра тие ќе треба да вратат 24.000 евра.

Во врска со измената што се однесува на дополнителната дејност на лекарите, Филипче рече дека досега во матичната институција ако некој сака да избере лекар практично не му важеше осигурувањето.

– Како осигурено лице плаќам осигурување одам на една клиника, сакам да си изберам лекар попладне, да имам преглед или интервенција и плаќам како приватен пациент како да не сум осигуран. Мислам дека тоа е нешто што одеше на рака на приватните болници. Сега дозволуваме да важи осигурувањето и само да се даде ценовник за избор на тимот кој ќе лекува. На овој начин им се отвора огормна можност на докторите и целите тимови, анестезиолозите, сестрите, болничарите и сите што ќе останат попладне за дополнителна заработувачка, а на пациентите да имаат слобода да изберат лекар, истакна Филипче.

Осврнувајќи се на измената со која им се дозволува на пензионираните доктори да работат како консултанти доколку тоа од нив го бара институцијата во која работеле, Филипче додаде дека досега тие не можеле да работат како консултанти во општината во која се пензионирале.

Извор: MИА

Print Friendly, PDF & Email
Share41Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ