• Latest
Напад на американскиот Сенат, 6 јануари 2021 година

(ДОСИЕ) Изборите во САД: Сенка врз американска демократија (1)

January 31, 2021
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ДОСИЕ) Изборите во САД: Сенка врз американска демократија (1)

Времето во Америка во иднина ќе се дели на период пред и после четиригодишното владеење на Доналд Трамп.

January 31, 2021 12:00
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, ТОП 5
Напад на американскиот Сенат, 6 јануари 2021 година

Напад на американскиот Сенат, 6 јануари 2021 година

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР Н. ПИСАРЕВ

Ни еден американски претседател не можел толку да ја извалка, да ја наруши и да фрли сенка на американската демократија и на настаните кои се јадро на изборната традиција во САД,  како што тоа го направи бившиот американски претседател Доналд Трамп. Не е далеку од вистината дека времето во Америка во иднина ќе се дели на период пред и после четиригодишното владеење на Доналд Трамп.

На 20 јануари, точно напладне, Џозеф Робинет Бајден Помладиот ја положи заклетвата и стана 46 претседател на Соединетите Американски Држави. Но првпат во американската историја, после повеќе од 150 години стара традиција, поразениот кандидат (Трамп) официјално не го призна поразот на изборите и како претседател во заминување не присуствуваше на церемонијата на инаугурација на човекот кој ќе го замени во Белата Куќа. Ова е пресвртница во развојот на американската демократија.

На 20 јануари, точно напладне, Џозеф Робинет Бајден Помладиот ја положи заклетвата и стана 46 претседател на Соединетите Американски Држави.

Според Законот за пребројување на гласовите кој е донесен 1887 година, 6 јануари во САД е одреден како ден на завршната фаза во изборниот процес за американскиот претседател, на тој ден актуелниот потпретседател, како претседавач на Сенат на американскиот Конгрес ги брои електронските гласови кои што ги освоиле претседателските кандидати и ја потврдува конечната изборна победа на еден од кандидатите. Практично, го прогласува новиот претседател на САД. Овој чин традиционално поминува мирно, без политички несогласувања и не привлекува големо внимание. Меѓутоа, она што се случи на годинашнава инаугурација на новиот претседател во просториите во и околу Капитол, беше далеку од демократска процедура и нормите на однесување на една од најстарите демократии во светот.

Напад на Американскиот Капитол, 6 јануари 2021

Светот беше запрепастен и згрозен од однесувањето на стотици приврзаници на Доналд Трамп и Републиканската партија кои, незадоволни од изборните резултати и предозирани со лажните вестите за изборната кражба на гласовите на нивниот кандидат, насилно и вандалски влегоа во седиштето на американска демократија дивјачки барајќи да се признае победа на нивниот кандидат.

Капитол, 6 јануари 2021

Вандализмот и физичко насилство со смртни последици (загинаа пет луѓе меѓу кои и еден полицаец на Капитол) и скрнавење на законодавниот дом на САД загрижувачки опоменува дека и Америка влегува во фаза на политички екстремизам и насилство, бидејќи покрај републиканските избирачи убедени во победата на Трамп кои бараа да се запре кражба на гласовите, во нападот врз Капитол учествуваа и приврзаници на екстремната десница кои во Трамп гледаа мецена за остварување на сопствените цели.

Самата иконографија која можевме да ја видиме на фотографиите кои ја обиколија планетата е загрижувачка и застрашувачка, вклучително и еден од натписите на црна тренерка на еден од демонстрантите на која под череп со вкрстени коски пишуваше „Камп Аушвиц“.

Застрашувачка иконографија: натпис на црна тренерка на еден од демонстрантите на која под череп со вкрстени коски пишува „Камп Аушвиц“.

Непосредно по упадот во Капитол, аналитичарите предупредија дека меѓу приврзаниците и поддржувачи на Трамп и неговата политика беа и членовите на крајна десница убедени во теориите на заговор концентрирани во движењето КјуАнон (QAnon). Лидерот  на мнозинството во американскиот Сенат, републиканецот Мич Меконел, уште за време на нередите, изјави дека претседателот Доналд Трамп е тој што ги испровоцирал, бидејќи на толпата која се собрала им сервирал лаги околу пребројување на гласовите.

Вилксбар, Пенсилванија, САД, митинг на приврзаниците на Трамп, на кој учествуваат теоретичарите на заговорот познати под името КјуАнон, 2 август 2020 година.

ШТО Е КЈУАНОН?

Настаните во Капитол го ставија под рефлектор и феноменот КјуАнон, бидејќи симболите и иконографијата за време на вандализмот врз Капитол беа очигледно инспирирани токму од приврзаниците на оваа ултрадесничарска теорија.

Што е всушност КјуАнон, што претставува, од каде потекнува и како се шири низ светот?

Приврзаник на КјуАнон на протестите за поддршка на полицијата по убиството на Џорџ Флојд, Бруклин, Њујорк, САД, август 2020 година.

Тие веруваат во теории на заговорот, односно наоѓаат и поставуваат врски меѓу познати факти и доаѓаат до „заклучокот“ дека со светот владее мрежа на група луѓе – глобалисти кои се воедно и сатанисти. Меѓу оние што според КјуАнон, владеат со светот, спаѓаат Барак Обама, Клинтонови, Џорџ Сорос, Том Хенкс, Елен Деџенерис, папата Фрањо и уште многу други личности. Сите тие, според КјуАнон, владеат со планетата, го контролираат подземјето, се состануваат буквално во тунелите под големите градови, киднапираат деца и ја пијат нивната крв за подмладување и сопирање на стареењето. Тие во Доналд Трамп гледаат месија и надеж да го спаси светот од глобалистите и сатанистите и затоа се убедени дека му е украдена изборната победа.

Сан Диего, Калифорнија, САД, протести против мерките за заштита од корона вирусот, 1 мај 2020 година.

Користејќи ја современата интернет технологија, тие масовно шират дезинформации и теории на заговорот, така што за кратко време станаа мејнстрим на американската и не само на американската десница. Тие ги демонизираат политичките противници и неистомисленици и ги поларизираат САД и светот. Движењето доби голем број на приврзаници посебно за време на владеењето на Доналд Трамп. Тие се убедени дека победата на Бајден ќе ја одведе Америка во пропаст.

Тие не ги посматраат изборите во Америка како политички натпревар, туку како битка меѓу доброто и зло. Противниците на Трамп за нив се предавници и во таква ситуација кога земјата е на „работ на пропаст“ кај нив не постои дилема дека употребата на сила за да се поништи „изборниот фалсификат“ е единствениот начин да се спречат катастрофалните последици кои ќе се случат во Америка со устоличување на Бајден.

За жал, заканата од овие групи нема да исчезне со стапување на Бајден на функција претседател на САД. Тоа го најави и самиот Трамп во прошталното обраќање до нацијата со порака „Нашето движење само што започна“.

Тој пред нацијата ѝ посака успех на новата администрација, но не го спомна Џо Бајден по име. Тој е и понатаму убеден во нерегуларноста на изборите и нему ја честита победата на Бајден.

„Оваа недела ќе ја инаугурираме новата администрација и се молам за нејзиниот успех да Америка остане безбедна и просперитетна“. Откако ги истакна своите заслуги за создавање на „најдобрата економија во светот“ тој ги „потсети“ Американците  дека најголемата опасност која ѝ претстои на Америка е губење на довербата во самите себе, губењето на довербата во големината на нацијата.

„Сега, додека се подготвувам да ја предадам власта на новата администрација, сакам да знаете дека  движењето кое го започнавме е само почеток на нашата борба. Се повлекувам полн со оптимизам и голема верба дека најдоброто е пред нас“.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ