Претседателот на ДПА, Мендух Тачи вчера и официјално го напушти Европскиот фронт, јавува порталот Тетова сот.
Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, наводно ја напуштил коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Информацијата ја објави порталот Тетова сот, повикувајќи се на партиски извори, a потврда дека Тачи како едиствен пратеник на ДПА ја напушта коалицијата предовдена од ДУИ добила и ТВ Телма.
Од партијата на Тачи за Телма потврдија дека лидерот на ДПА како единствен пратеник ја напушта коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ..
-Претседателот на ДПА ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакнуваат изворите на Телма и најавија дека Мендух Тачи многу скоро ќе објави зошто го напушта Европскиот фронт.
„Да, нашиот лидер го напушти ‘Европскиот фронт’. Претседателот на ДПА ќе има комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети“, изјавиле партиски извори за Тетова сот и Телма, најавувајќи дека Тачи наскоро ќе ѝ се обрати на јавноста за напуштање на коалицијата.