• Latest

ДПИ: Двете изјави што се бараат за упис на УКИМ да се изземат од документацијата

August 23, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

ДПИ: Двете изјави што се бараат за упис на УКИМ да се изземат од документацијата

August 23, 2022 15:11
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот просветен инспекторат (ДПИ) му наложи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и факултетите во негов состав да не им бараат на идните студенти Изјава за неконкурирање на друг универзитет и Изјава за неподигање документи при упис во академската 2022/2023, затоа што е тоа спротивно на Законот за високо образование.

Директорот на ДПИ, Ардиан Муслиу за МИА изјави дека вчера бил извршен вонреден инспекциски надзор на УКИМ, а Решението за изземање на двете изјави од документацијата што студентите ја доставуваат за упис, било  издадено усно поради итноста, односно поради тоа што е во тек електронското аплицирање на кандидатите за запишување на факултетите и поради рокот определен за запишување на кандидатите кој истекува за неколку дена.

Надзорот на ДПИ ги потврдил поплаките на студентите, односно е констатирано дека во електронска апликација, iKnow-системот за упис на студентите во академска 2022/2023, покрај останатите документи кои треба електронски да ги пополнат, задолжително треба да пополнат и подоцна, при нивната достава во хартиена форма, да потпишат Изјава за неконкурирање на друг универзитет и Изјава за неподигање документи.

Со изјавата за неконкурирање на друг универзитет, кандидатот се обврзува да конкурира само на една од единиците на Универзитет „Св. Кирил и Mетодиј“ – Скопје и на ниту еден друг универзитет, додека со Изјавата за неподигање на документите кандидатот се обврзува дека во рок од три месеци нема да ги подигне оригиналните документи кои ги доставил при уписот.

Наведените изјави задолжително требало да ги пополнат и потпишат сите апликанти за запишување на прв циклус на студии во академската 2022/2023 година на сите единици на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

– Наведеното е спротивно на член 27, став 2, алинеја 1 од Законот за високото образование, како и спротивно на член 158, став 5, од Законот за високото образование, рече Муслиу за МИА и соопшти дека претставникот на субјектот на надзор изјавил дека уште веднаш ќе се обрати до службениците задолжени за одржување на iKnow-системот да ги тргнат изјавите од електронската апликација.

Директорот на ДПИ посочи дека поради итноста односно затоа што е во тек електронското аплицирање за упис на факултет, како и поради рокот определен за запишување на кандидатите кој истекува за неколку дена, согласно член 83, став 6, од Законот за инспекциски надзор, од страна на советниците државни просветни инспектори задолжени за постапување по предметот, дадено е усно Решение за изземање на двете изјави од документите кои студентите треба да ги пополнат, потпишат и достават при аплицирање за студирање на прв циклус на студии на единиците на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Решението на ДПИ, исто така, наложува и да биде доставена информација до сите единици на Универзитетот во иднина да не ги бараат наведените изјави. Согласно Законот за инспекциски надзор, ќе следува и Решение за отстранување на незаконитоста во работењето на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ