Доколку праќате СМС порака на број во некоја од овие земји ќе ве чини само 2,1 денар по порака. А доколку се јавите во некоја од земјите од Западен Балкан минута за појдовен повик ќе ве чини 4,3 денари.
Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.
Според директорот на АЕК, Сашо Димитровски целта е во јули 2021 година роамингот да биде целосно укинат и да се наплаќа како потрошен домашен сообраќај, како што е во моментов во Европа. Се очекува намалување и на роаминг услугите со Грција до крајот на годината.