• Latest

Државата ќе им помогне на општините во враќање на затекнатите стари долгови

September 3, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Државата ќе им помогне на општините во враќање на затекнатите стари долгови

September 3, 2018 14:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државата ќе им помогне на општините во враќање на затекнатите стари долгови, а со ребаланост во октомври ќе бидат алоцирани средства за трајно да се реши проблемот, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се решаваат долговите на училиштата.

– Конечното решение на оние затекнати стари долгови е преку начинот на кој што државата ќе им помогне на општините во враќање на долговите. Најголем дел од тие долгови се спрема училиштата, детските градинки и другите образовни институции. Верувам дека со ребаланост во октомври сите овие средства ќе бидат алоцирани за трајно да се реши проблемот, а дотогаш јас како премиер заедно со градоначалниците сме вклучени да ги подмируваме долговите кои се накалемени на самите училишта, рече Заев.

Заев се заблагодари за флексибилноста на службите од министерсвото за образование и наука и на градоначалниците и советите, да се изнајдат начини и да платат дел од долговите за да бидат вклучени училиштата во работа.

Премиерот Заев, денеска заедно со  министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, присуствуваше на приредба по повод првиот училишен ден во ОУ „Ацо Шопов“, во Радишани.

Министерот Адеми ги оцени како невистинити и тенденциозни, наводите во некои медиуми, дека се склучени тендери во четри очи за набавка на учебници.

– Оваа постапка, како и во изминатите години е во согласност со сите законски прописи. Единствената опција за обезбедување учебници преку откуп е постапката што ние сме ја спровеле, така што постапката оваа година е истата од 2009 година па наваму, рече Адеми.

Ги повика претставниците на медиумите и НВО секторот во просториите на МОН, каде, како што рече, ќе бидат споделени сите документи и ќе бидат информирани за постапката. (МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијадолговиЗоран ЗаевМОНопштини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ