• Latest

Државата наплаќа, ама не плаќа

July 7, 2019

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Државата наплаќа, ама не плаќа

Преглед на архивата од поплаки на ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи што неуморно и секојдневно е во контакт со граѓанките и граѓаните

July 7, 2019 12:28
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја давачка, макар и најмала, мора да биде платена. Ако обврските не се подмируваат на време, институциите и јавните претпријатија имаат ефикасни начини за „убедување“ да ги исплатите сите свои обврски, често и со камата или придружени со казни. Бизнисите се жалат на честите „посети“ од инспекциите и не гледаат голема разлика во однесувањето на инспекциските служби во споредба со времето на режимот. Друго е прашањето дали институциите на државата или на локалните власти плаќаат на време за услугите што ги бараат… Ова е еден краток преглед на архивата од поплаки на ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи што неуморно и секојдневно е во контакт со граѓанките и граѓаните.

Во ЦИВИЛ често пристигнуваат поплаки од граѓанки и граѓани или од правни лица за „брзата и ефикасната“ наплата на обврските што даночните обврзници ја имаат. Воедно, луѓето неретко се обраќаат до ЦИВИЛ и пријавуваат случаи за бавни исплати, често помали од тоа што стои во законските одредби или други документи за регулирање на обврските на институциите кон давателите на услуги.

Во изминатите години, ЦИВИЛ неколку пати објави дека луѓето што ги ангажира државата, поточно Државната изборна комисија како членови на избирачките одбори, чиј надоместок иснесува околу 50 евра нето. Во изминатите шест години, поедини членови на избирачки одбори од целата земја се жалат дека исплатата доцни со месеци, а во некои случаи и повеќе од една година.

По претседателските избори на 5 мај, исплатата за НН, која прв пат е член на изборачки одбор, инаку вработена во државната администрација, сѐ уште чека на надоместокот од околу 100 евра (за двата изборни круга) што ѝ ги должи државата. Не ѝ е никаква утеха што во други случаи во минатото, луѓето чекале на исплата многу долго.

„Кога јас должам, на врата ми доаѓаат извршители“ – вели НН револтирано – „ама кога треба да се плати нешто, се однесуваат како да даваат милостина.“

Ова не е единствен вид поплака што доаѓа од граѓаните на адреса на ЦИВИЛ. Најновата пријава за неажурност на институциите во исплатата давателите на услуги се однесува на хонорарен, самостоен давател на интелектуални услуги што повремено едно министерство ги користи од нашиот извор.

Пријавувачот сакаше да остане анонимен, така што во овој момент, нема да откриеме за кое министерство се работи, а ни за видот на услугата. Доволно е да се каже само дека, според препорачаните цени во тарифникот за услуги, наградата за вложениот труд би требало до биде најмалку 4 пати повисока, отколку што министерството исплатило, се разбира, со задоцнување. Па така, за услуга што би требало да биде платена над 4.000 денари, давателот на услугата добил само 1.000 денари.

Се работи за услуги што ги нудат самостојни, хонорарни даватели на услуги, обично во ситуации кога на институциите им треба итна и квалитетна услуга, затоа што немаат време или соодветен кадар. Ни оддалеку не се големи пари, но многу им значат на луѓето што пружаат интелектуални услуги, пред сѐ преводи, а одвај врзуваат крај со крај.

Дополнително, во архивата на ЦИВИЛ, може да се најдат голем број поплаки на сопственици на помали или средни бизниси кои јавуваат дека редовно плаќаат апсурдно високи казни за ситни недостатоци и грешки во работењето. Минатогодишната одлука на Владата, инспекциите прво да опоменуваат, па да казнуваат, едноставно, не важи. Инспекциските служби ја правдаат својата ригидност со изговорот дека таа одлука не е помината во Собранието на РСМ.

Џабир Дерала

Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ