• Latest
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

Од година во година, власта во Србија ја наградува својата омилена банка со сериозни клиенти кои поседуваат голем капитал и прават впечатлив обрт. Треба ли да се потсетиме како оваа банка се всели кај нас и која треба да биде нејзината основна цел? Засега се одвива брза смена на управувачките кадри во преземената битоклска банка – додека си ги научил имињата едните, дошле другите…

July 8, 2026 14:33
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски 

Во Србија, големите фирми со сериозен обртен капитал како што се EPS (Електро стопанство на Србија), Паркинг Сервисот, Мнистерството за внатрешни работи, се дел од главните коминтенти на Алта банка. Деновиве во тоа „јато“ слета и Ер Србија. Тие работат заедно на создавање картичка што ќе ја наградува лојалноста со ексклузивни бенефиции.

Барем на овие страници по прв пат во земјава сте можеле да ја прочитате генезата за создавање на оваа – во старт минорна институција – иверка од некогашната Јубмес банка, која со помош на власта на Вучиќевата екипа, вештачки надуена, како усните на нивните фолк пејачки, за под моќната закрила да станува сѐ повидлива. Тоа секако не беше едноставно создаван простор за оваа финансиска куќа во шумата на моќни финансиски корпорации. Вработените се радуваа кога ќе отвореа било каков деловен простор во Белград или Нови Сад. Имаше тогаш и конфети и сечење торти. Но банката на Давор Мацура, кој не може да се бави со тој занает во ЕУ (!) сепак е „специјализиран“ за стратешки партнерства со државни претпријатија и институции во Република Србија, склучувајќи зделки вредни десетици милиони евра. Така, многу државни проекти од најголемо значење за режимот течат токму преку сметките на Алта банка.

По Електропривреда Србија, Паркинг Сервис, MУП, Мацура сега го стави „кабелот“ во штекерот на Ер Србија. Поточно, тоа се случи кон средината на јуни 2026 година, Притоа, оваа спојка настанала откако Ер Србија објави целосно нова, иновативна програма што ја рекламираат како „програма за лојалност“. Што значи тоа во практиката? Па на пример, отсега, секое купување авионски билети или дополнителни услуги им носи на членовите поени, кои лесно можат да ги заменат за „низа ексклузивни бенефиции и персонализирани опции“, објави Ер Србија и додаде дека програмата вклучува бројни привилегии – наградни летови, дополнителен багаж, избор на седиште, пристап до премиум салони, како и надградба во бизнис класа. Да не сметаме колку сѐ нови пари ќе се вртат преку оваа банка, а таа јавно си се прголасува дека е стратешки партнер практично со државата. Државата, пак, ортачки ќе ја наградува таа лојалност.

БАНКА СО ЕКСПРЕСЕН РАСТ

Алта банка се фали дека е „најбрзорастечка банка во Србија две години по ред“.

И навистина е така. Во 2023 година, Алта банка постигнала 22 пати поголем раст отколку во 2022 година, а Давор Мацура го развиваше својот бизнис со вртоглава брзина. Многумина слушнаа за него дури во 2025 година, кога се дозна дека граѓаните на Белград ќе плаќаат за електрична енергија на неговата банкарска сметка, за разлика од претходните плаќања за потрошената струја на сметка на државната каса. Замислете го само тој обрт на пари!

Авто-мото сојузот на Србија и Паркинг службата на Белград ја доверија работата на Алта банка. Доброволно или принудно? Што мислите? На почетокот на ноември 2023 година, оваа банка склучила договор за стратешко партнерство со EPS, а потоа станала посредник во електронското плаќање на сметките за електрична енергија на веб-страницата на јавното претпријатие, како и во апликацијата „Увид во сметката“. Во летото 2024 година, компанијата, предводена од споменатиот Мацура, добила тендер за финансиски услуги за наплата на превоз во Белград. Тендер си е тндер, нели, таму сите натпреварувачи биле „равноправни“.

Групацијата Алта доби и стимулации од државата за изградба, реконструкција и проширување на хотел во Белград за потребите на саемот ЕКСПО 2027, а шалтерите на банката се наоѓаат и во полициски станици. Ова, како што сме пишувлае, бил вистински шок за вработените во МВР ама „олеснувачка околност“ била таа што тие почнале да добиваат плата самопреку оваа банка.

ОД КАДЕ ТАКВА ПОТПОРА ЗА МАЦУРА?

Овој стопанственик е сопственик на Групацијата Алта Пеј и претседател на Управниот одбор на Алта банка, а има 15 компании во Србија. Според истражувањето на БИРН, преку неговата компанија „Даница Парк“ тој бил сопственик на две парцели кои сега се во сопственост на Никола Петровиќ, кумот на Александар Вучиќ! Ова можеби објаснува нешто. Влезот во семејството отвора многу врати, разбирливо. Во БИРН напишаа дека истата компанија била инвеститор на згради кои сè уште се градат на земјиштето на сопругата на Звонко Веселиновиќ и на земјиштето на Милан Радојичиќ и неговата сопруга Ема.

Како по правило, работењето на Алта банка со државни компании се одвива под тајност и потпишување договори без тендер, велат медиуми во Белград.

Така, еден од првите договори беше со EPS, кога Алта стана посредник во електронското плаќање сметки за електрична енергија на веб-страницата на јавното претпријатие, како и во апликацијата „Bill Insight“. Тој договор бил склучен без никаква јавна набавка или тендер.

Електропривреда на Србија одби да достави документација за своето работење со Алта банка, што Нова економија го побара преку барање за пристап до информации од јавно значење.

Исто така, банката постојано се докапитализира од друга компанија, Алта пеј, и само во 2025 година во банката беа внесени дури 66 милиони евра. Со нов капитал, работењето со државата носи раст на банката. Финансиските извештаи потврдуваат дека капиталот доаѓа од сопственикот Давор Мацура – но не го објаснуваат потеклото на тој капитал.

ПРОДОРОТ НА АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ 

Карактеристика на влезот на оваа банка во земјава, преку купување на Стопанска банка Битола беше дека отпрвин Комисијата за хартии од вредност не даде согласност за таа пенетрација во нашиот финансиски систем! Секако, се имаше во предвид и лошата меѓународна репутација на „гостинската екипа“.

Повеќе од шокантно беше што надлежното тело не се изјасни децидно зошто не даде дозвола, ама уште пошокатно беше што не образложи зошто при непроменети околности речиси експресно се премисли!

Дека не се очекуваше реакција од гувернерот на НБМ Трајко Славевски беше очекувано, иако тој е регулаторот на финансовиот пазар со силни ингеренции. НБРСМ постои токму да спречи вакви ситуации (пенетрации). Еден од претходниците на Славевски, Петар Гошев, како гувернер, се изнамачи и којзнае какви сѐ притисоци му се вршеа кога успеа да го исчисти банкарскиот пејсаж од вакви вгнездени ала газда Нини банки ама сега се чини одново се враќа времето на странските партиски финансиски установи. Впрочем, тоа најдобро се гледа од составот на управните органи, оние кои белграѓаните почнаа често да ги менуваат по преземањето на Стопанска банка Битола, токму онаа со чија помош двоецот Камчев – Мијалков го приграбија агро и прехрамбениот сектор во државата, а ја направија земјава еден вид на жирант на албанска компанија, која, имаше исти апетити во однос на некогашната битолска банка!

Последниот состав на управната номенклатура на Алта банка Битола е јасна копија на политичко-менаџерската управувачка структура во земјава, што јасно ја покажува и смислата за нејзиното функционирање.

Но, бргу се јавуваат и видливи промени на кадровски план што укажуваат на раскомотување на белграѓани при пелистерски воздух.

Според официјалната страница на банката, менаџерскиот тим го сочинуваат Наталија Мицковска, Наташа Савова, Наталија Михајлоска, Елена Таховска, Марјан Закев, Драган Иванов и Даниела Ѓоршевска. Од последниот список ја нема екс-судијката Лидија Неделкова која веќе беше разрешена од Судскиот совет!. Закев е дел од предметот „Империја“ и тоа доволно кажува со кого е врзан комплотот по личности, а и како начин на работа. Наталија Савова е екс-ведета на СДСМ од времето на Бранко Црвенковски, сега води маркетинг, а сите знаат колку е блиска до Камчев.

Во Надзорниот одбор некогаш беа Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, актуелен министер во владата на Мицкоски како и Антони Пешев кој е извршен директор на Стопанската комора на Македонија и поранешен министер во владата на Бранко Црвеновски.

Претседател на Надзорниот одбор беше Гордана Гацева која од октомври 2004 до денес работи како адвокат партнер во Адвокатското друштво Трпески и Гацева во Скопје. Гордана Гацева ја извршува функцијата независен член на Надзорниот одбор од октомври 2022 година. Тука беа и Игор Камбовски, член на Бордот на директори на Бимилк од Битола, син на проф. Владо Камбовски и Борислав Атанасовски кој е дипломиран економист и овластен ревизор и поседува богато професионално искуство во оваа областа. Тој е косопственик на Друштвото за ревизија Расел Бедфорд Атанасовски ДОО Скопје кое во своето портофолио ја има и извршената независна ревизија на компанијата на Орце Камчев, „Орка Холдинг“.

Но сегашниот список на УО е доста постеснет и во него има, ако може да забележиме се српски имиња – сопственикот Мацура, Уна Сикимиќ, Татјана Куљак и Вељко Миљушковиќ.И тоа е сѐ народе.

Управниот одбор на Алта Банка Битола го сочинуваат тројца членови, од кои еден е претседател.

Александра Радевска останува претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола која сега го сменила сопственикот. Одлуката на Надзорниот одбор за нејзинот реизбор доби и потврда со согласноста дадена од Народната банка.

Радевска во Управниот одбор членува веќе две години – од јуни 2023, а на претседателската позиција првпат беше именувана во ноeмври истата година. Со Стопанска банка Битола професионално е поврзана 12 години, од кои една деценија била дел од Надзорниот одбор, а од 2019 е и во Одборот за ревизија. Таа е еден вид кадар за врска од старите и новите времиња на оваа банка.

Истата по завршувањето на формалниот дел од образованието, во периодот од март 2003 до јуни 2003 година работела на позицијата асистент за ревизија во Друштвото за ревизија „Б и Љ Ревизија“ ДОО Скопје, компанија во која косопственик бил Борислав Атанасовски кој беше член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. Инаку, таа е дел од потесниот круг на финансискиот колегиум на Камчев – директор на сектор за финансии на „Орка холдинг“ АД Скопје. Да нема изненадувања.

Затоа, пак, во управата ги нема другите македонски кадри кои беа таму лани, ако не се лажеме?! На пример Даниела Ѓоршевска која поднела писмена оставка од својата функција на ден 5 ноември 2025 година. Во истото соопштение се наведува дека Надзорниот одбор на банката, на својата 25. седница одржана на 10 ноември 2025 година, донел одлука м-р Маја Кадиевска Војновиќ да биде именувана за нов член на Управниот одбор, ама сега и неа ја нема на списокот на членовите на УО! Просто се гледа дека има еден вид на брза игра на замена на партнери, која некогаш беше популарна на некои балови и игранки. И таквата игра треба да нѐ направи демотивирани да се концентрираме на одделни имиња кои треба со својата кариера да нѐ смират, демек нема никакви сериозни промени. Потоа се покажало дека Кадиевска Војновиќ има стопиран избор. Споменатата е позната во македонската јавност како некогашна вицегувернерка и професорка на Американ колеџ, но таа беше и дел од Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, а сега е член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем КИБС (Клириншки интербанкарски системи АД Скопје).

Па сега другите двајца членови на УО се Зарије Ќоралија и Срефан Николиќ. Претпоставуваме, белградски кадри! Као пред очи да се одвива сцена од дансинг стилот „а сега менуваме партнери“. Делумно е ова резултат на тоа што државата ги продаде запленетите акции (седум отсто од вкупната маса) на Мијалков во случајот „Империја“. Јасно, сликата за оваа банка се комплетира и се добива посакуваниот пејсаж што господин Мацура го имал во мигот на одлуката да се влезе во земјава.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ