• Latest

Државниот врв реагира Софија да не потпаѓа под инсинуации и неточни информации

March 3, 2021

Новиот Европски народен форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Државниот врв реагира Софија да не потпаѓа под инсинуации и неточни информации

March 3, 2021 09:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како мешање во внатрешните работи на друга држава го оценија претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, состанокот, кој бугарскиот претседател Румен Радев го свика со шефовите за безбедносните служби, за како што наведоа од неговиот кабинет нарушување на правото на самоопределување на Бугарите во Северна Македонија.

-Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешите процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓаните во друга-земја членка на НАТО, е став на Пендаровски.

Шефот на државата, како што наведоа од неговиот Кабинет, смета дека реакцијата на бугарскиот претседател е спротивна на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава.

Кабинетот на шефот на државата нагласува дека до овој момент Пендаровски нема добиено ниту една информација од надлежните институции за кршење на човековите слободи и права на македонските граѓани, само затоа што ја декларирале својата етничка припадност.

-Како држава кандидат за членство во ЕУ ние сме со години под редовен мониторинг на Брисел, но ниту во последниот годишен извештај за напредокот на ЕУ не се регистрирани такви случаи, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Премиерот Заев вчера истакна дека е недозволиво мешање на една земја во внатрешните работи на друга земја.

-Тоа сме го декларирале во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Немам проблем со определбата на луѓето и нашиот претседател и Владата и Парламентот, стоиме на располагање да дадеме одговор за каква било резерва на каква било обесправеност на кој било граѓанин, рече вчера Заев во врска со најавите на Радев дека ќе бара од службите во неговата земја „да преземат соодветни мерки за заштита на правате на Бугарите во соседна Северна Македонија“.

Изрази надеж дека станува збор за информативен состанок, за собирање информации од граѓани кои се со бугарска етничка определба и додаде дека очекува да бидат поделени информации ако некаде некои права не се признаени, не се прифатени или се непочитувани.

-Затоа што недозволиво е мешање на една земја во друга. Ние тоа сме го декларирале во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. И не само тоа, во разговорите одиме и понатаму за немешање за малцинствата, затоа што тоа се решава при Советот на Европа, преку Судот на Советот на Европа и таму се решаваат сите тие права. Но, дефинитивно, ниту има потреба, ниту треба да дојде до судови, затоа што кој било граѓанин ако му е ускратено некое право или во најмала рака не се еднакви нивните права со останатите граѓани во Република Северна Македонија, стоиме како институции на располагање, рече Заев.

Тој децидно негираше дека државјани на Северна Македонија биле изложени на напади само затоа што се идентификуваат како Бугари и оти граѓаните во земјава се еднакви во правата. Премиерот додаде дека во Уставот немаме етничка припадност Бугари, но во формуларите за пописот постои правото на определба за етничка припадност на сите.

Воедно, тој упати порака до властите во Софија да не потпаѓаат под какви било инсинуации или неточни информации.

За состанокот на Радев, вчера се огласи и специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, кој во изјава за „Утрински брифинг“ рече дека овој тек на настаните покажува веројатна можност прашањето околу односите меѓу Скопје и Софија да бидат дел од изборната кампања во Бугарија.

-Ако цениме по средбата од вчера што ја имал претседателот Радев со претставниците на безбедносните служби, реферирајќи на тоа дека во Македонија оние кои се декларираат како Бугари имале проблеми со власта и биле изложени со притисоци, при што се се користени писма од невладина организација, говори дека постои веројатно можност прашањето околу односите Македонија и Бугарија да бидат дел од изборната кампања. Но не верувам дека интензитетот ќе биде таков што тоа ќе биде преовладувачка тема. Во оваа фаза во која се наоѓаме Македонија е главниот адут кој го користи и власта и опозицијата, убедувајќи не нас дека независно од резултатите на парламентарните избори на 4 април ќе биде константна политика на бикло која бугарска влада, истакна вчера Бучковски.

Со реакција вчера се јави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која виновникот за состанокот кој го свикал бугарскиот претседател го гледа во премиерот Заев.

-Заканите за интервенции на бугарски разузнавачки служби на територија на Македонија од страна на Румен Радев се директна вина и одат на контото на Зоран Заев, кој ја понижи државата, и ја клекна на колена. Македонија трпи закани заради Заев, кој се откажа од македонското малцинство во Бугарија, и ги фрли во бунар чувствата на илјадници Македонци, а е жртва на измислени сценарија и режии со наводни проблеми со Бугари во Македонија, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Побараа од Владата најитно да го осуди однесувањето на Радев, Захариева и другите бугарски политичари кои се закануваат врз интегритетот на државата.

Бугарскиот претседател Радев завчера на состанок со бугарските специјални служби побарал да се преземат навремени мерки за адекватна заштита на правата на бугарските граѓани надвор од Бугарија, кои се изложени на напади само поради нивната национална самосвест.

Повод за средбата било писмото кое Кабинетот на бугарскиот претседателот го добило од Културниот центар „Иван Михајлов“ – Битола и од други граѓани на Северна Македонија кои се определуваат како локални Бугари и поради, како што се наведува во соопштението, зачестените појави на повреда на нивните права само поради фактот што се определуваат како етнички Бугари.

На средбата, се додава во соопштението, бил разгледан и случајот во Струмица, со нападнатите граѓани кои се определуваат како Бугари.

Од друга страна, Заев вчера повтори дека Акцискиот план на двете земји е речиси целосно усогласен и оти во прашање се технички детали за целосно да се дефинира.

Тој појасни дека станува збор за Aкциски план на секторско ниво, за соработка во делот на инфраструктурата, образованието, здравство, труд и социјална политика, транспортот, енергетиката…

За тоа дека Акцискиот план е во финална фаза, информираа и шефовите на дипломатиите на двете земји, Бујар Османи и Екатерина Захариева, по средбата во Софија минатата недела, а најавија и дека двете влади се координираат за датумот за одржување на меѓувладината конференција.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ