• Latest

Дуалноста како просторен идентитет на градовите

October 25, 2021
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дуалноста како просторен идентитет на градовите

October 25, 2021 14:02
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

МЕРИТА МАКСУТИ 

Феноменот на дуалноста на градовите отсекогаш ме интригирал, и долгата опсервација на различни градови во нивната морфологија, историја и развој, ме инспирираше малку да ја „гребнам“ оваа комплексна тема. Скопје како богат град во својата слоевитост и со нагласена дуалност, која беше директна причина за оваа размислување, е голема инспирација со сите свои маани и недостатоци, но и со светлите периоди во својот развој. Целта ми е да предизвикам размислување кај читачот, без разлика дали е тој професионалец или само лаик кој знае како да го “чувствува“ градот.  Да ве предупредам – пристапот е малку филозофски и личен.

Сликата на е еден град е всушност рефлексија на внатрешната состојба на самиот, онаа, подскриената страна и онаа што не толку лесно ја гледаме. Урбани карактеристики на градот никако не се само улиците, градбите , зелените површини и други урбани особини. Градовите се фантастични феномени кои живеат и  умираат  (ја сакам оваа констатација на Jane Jacobs со која всусшност се сложувам а е објаснета во нејзината книга  “ The life and death of great American Cities” ), во некои случаеви и во буквална смисла на зборот, но не како во американскиот контекст, но овој нашиот малку по тажен, како организми кои се борат со повеќе болести паралелно но стоички опстојуваат. Фантастични во нивниот морфолошки, еколошки, архитектонски, историски и друг идентитет, градовите ги перципирам  како карактерни персони, и дословно ги поврзувам со одредени луѓе. Истата интеракција како со луѓето , за мене се случува со  просторниот контекст, или кликнуваш, или не.

Како  социо-просторна структура градот е мошне по комплексен и поларизирачки  заради тенденции да се создаваат причини за поделби по разни основи. Јасни урбани сегрегации се појавуваат како резултат на растечки трендови на се поголемиот јаз на економската моќ на граѓанинот и по тој основ отворено изостанува субстанцијална инклузија во општествените текови.

Концептот на дуалноста е присутен од самите почетоци, почнувајќи во самата  генеза на  нашето постоење низ создавање на животот, кој бара дуален пристап, а подоцна се прелева во неговата дуална спротивставеност и противречна егзистенција, продолжувајќи  во општеството и општествените феномени на урбаното живеење.

Дали е во нашата природа да ја храниме дуалноста во, и околу нас, и да ја одржуваме по секоја цена?

Во историја на развојот на нашите градови се создаваше една органска дуалност, пред се со просторна и социјална диференцијација  која понатаму се одразува на самата слика на градовите. Оваа метафора на развојна дистинкција ја создаде сликата на денешното Скопје како најпластичен пример на американскиот феномен на  “Redlining” (систематско игнорирање на една класа на луѓе и создавање на неинтегрираниот слој на општеството кој подоцна повлекува низа негативни домино ефекти). Не навлегувам во сржта на феноменот, ниту ми е целта да го разработувам (иако е многу интересен), но го спомнувам  од една перспектива на економски и урбанистички пристап на развојот на градот кој недостасуваше во одредени делови, и доведе до ситуација Скопје да стане дуален во својот карактер по физичка, ментална , економска, историска и социјална природа. Секогаш сум рефлектирала за оваа појава, не само како перцепциска метафора туку исклучително физичка, така што  не е чудно како се вкорени изразот во урбаниот речник – граница “од таа страна на Вардар”. Овој израз  ги соединува сите овие нивоа на дуалното, како што се старо-ново, ориентално – современо ( до пред 10 години, имено), нивно – наше, неразвиено –развиено, несредено –средено, неред- ред и многу други. Нели се овие перцепции кои ги има секој искрен жител на Скопје со една умерена доза на интерес кон градот?

Дали и денес е присутна  таа дистинкција со истиот интензитет како што тоа беше случај пред 40  или 30 години? Дали градот се движи во една друга насока која ќе ја намали оваа историска поделба и дали треба да се менува сликата на градот? Сите овие прашања секојдневно можеби би требало да ги поставува секој од нас би требало да и искрено да ги почувствува.

Дали нашите градови ги планираат  урбанисти и урбани планери или политиката? Сакаме да зборуваме за одржливи градови, транспорт, енергетски ефикасни згради, намалено загадување, паркови и зеленило, но дали вистински сме спремни за таков пристап и промена во однесувањето? Дали сме спремни за предизвиците и високите стандарди кои треба да се исполнат да влеземе во клубот, а се уште сме незрели?

Не сум сигурна, но уште не сме на „ти“ со овие принципи на функционирање. Да се разбереме , јас лично ја сакам дуалноста на градот, но со подеднаков третман и однос кон двете страни на карактерот и кога ќе се  перципираат како вредности и предности, а не како поделби.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ