Трајко Велјаноски се спаси од притвор, благодарение на отсуството на пратеникот од ДУИ, чиј глас ја прави разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои имаат по 4 члена во Комисијата за мандатни и имунитетни прашања.
Со образложение дека му се слошила здравствената состојба, членот на ДУИ не присуствувал на гласањето на седницата на Комисијата. Во моментот на гласање, резултатот бил 4:4 за и против, со што барањето на судот за одземање на имунитетот на пратеникот Велјановски не се изгласало.
Сепак, ова сѐ уште ништо не значи, бидејќи последниот збор го има Собранието на пленарна седница, за која се очекува дека ќе биде свикана веќе утре. За кратко, читајте повеќе за изгледите на Велјановски по гласањето во Комисијата за мандатни и имунитетни прашања.
А. Зеќири