поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
ДОГОВОР НЕ Е МОЖЕН, АКО…
Не е можен договор со кој криминалците на ДУИ и ВМРО нема да се спасат од затвор.
ИЛУЗИЈА
Илузија е дека „октомври ќе биде историски месец за С. Македонија“, па дури и „кристално чиста“ препорака да добиеме, доколку „пациентите“ и ним сличните не ги стигне правдата.
МАКЕДОНИЈА Е ВО ПРЖИНО, СЀ УШТЕ
ДУИ и ВМРО додека беа во заедничка власт, работејќи на поставување и усогласување на законодавната рамка, Македонија, наместо да ја приближат до ЕУ, ја донесоа во Пржино и од таму сѐ уште не дозволуваат да излезе.
ТЕЛЕКОМ, ИСКРЕНА СОРАБОТКА И МИЛИОНСКО МИТО
Надлежните државни органи, наместо по допрен глас да ги гонат тие што повеќе милионски суми евра земале мито од ТЕЛЕКОМ, владата ни соопштува дека соработката со оваа компанија, била во минатото и ќе биде и во иднина, искрена, додека некој, во присуство и на оџи, ќе шутира голови во Шипковица.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.