• Latest

Дупло повеќе апликации на јавниот повик за издавање ваучери за одмор на работници со ниски примања

June 16, 2021

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска во Скопје

October 15, 2025
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивоградба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Дупло повеќе апликации на јавниот повик за издавање ваучери за одмор на работници со ниски примања

June 16, 2021 09:21
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Јавниот повик за издавање потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари се затвора денеска, соопшти Министерството за економија.Јавниот повик, како што стои во соопштението, беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање е 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб- страната на Министерство за економија.

Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено, да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што се стимулира развојот на домашниот туризам.

Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот “прв дојден прв услужен“.

Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето.

Владата на Република Северна Македонија преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спороведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ