• Latest

Дури 8.000 деца чекаат згрижување во градинките

May 14, 2018

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дури 8.000 деца чекаат згрижување во градинките

May 14, 2018 09:05
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 8.000 деца во Македонија се на листа на чекање за упис во градинка, покажуваат податоците со кои располага Министерството за труд и социјална политика. Младите родители се соочуваат со проблем за упис во градинка и неретко за нивните деца да бидат згрижени чекаат и по една година. 

Проблемот се јавува поради недоволниот број градинки или нивните мали капацитети. Тој може да биде надминат со проширување на постојните капацитети, но и изградба на нови.

На крајот на април годинава во 66 државни детски градинки во 55 општини биле згрижени околу 36 илјади деца.

Интенција на државата е да се зголемува опфатот на деца згрижени во детските градинки, особено една година пред да појдат во училиште. За тоа да се реализира, потребно е да се изградат нови, да се прошируваат постојните капацитети, како и да се вработат нови дополнителни негувателки и воспитувачки, нешто што го најавија и од Министерството за труд и социјална политика.

Нови градинки, според најавите, треба да се изградат со пари од Светска банка.

– Со Светска банка, како што неодамна изјави министерот за финансии Драган Тевдовски, се разгледува можноста за идна соработка. Еден од поважните проекти за кои е разговарано е помошта во социјалната сфера во висина од 35 милиони долари за отворање нови градинки и реновирање на постојните.

Од МТСП посочуваат дека во оваа фаза не може да излезат со податок во кои општини ќе се градат градинки со средства од Светска банка од причини што се прават анализи и врз основа  на извештаите – резултатите добиени од анализите и креирање на приоритетна листа согласно бројот на деца и постоечките капацитети ќе се утврди каде има реална потреба за изградба на градинка.

Министерство за труд и социјала.jpg

Министерството за труд и социјална политика во рамки на својот буџет за 2018 година има издвоено 41.600.000 денари за изградба, адаптација и опремување на детски градинки.

Планирано е отварање детски градинки во Конче, Пласница, Градско, Кривогаштани, Чешиново – Обелешево, Валандово, Свети Николе во с.Горобинци, Пробиштип, во село Кравари, битолско, во село Марена, кавадаречко, како и во Чучер Сандево.

Исто така, во завршна фаза се и објектите наменети за градинки во  Зрновци, Прилеп, Чашка, Куманово, Велес во село Караслари, Јегуновце во село Прељубиште и Маврово – Ростуше во село Скудриње.

Проблемот со згрижувањето деца е забележлив на територија на град Скопје, каде функционираат 17 јавни установи за деца – детски градинки.

Листи на чекање има во речиси сите општини. Во Кисела Вода на листа на чекање се речиси 900 деца, во општина Аеродром велат дека има 40, додека од општина Карпош тврдат дека немаат листа на чекање.

градинка деца

– Во општина Кисела Вода има две јавни детски градинки, „Весели Цветови“ и  „8 Март“ со по шесст објекти. Во „Весели Цветови“ се згрижени 1.070 деца, а бројот на деца кои чекаат да се запишат е 268. Во градиката „8 Март“ вкупно се запишани 1.194 деца, а  на листа на чекање изнесува 599 деца, информираат од општина Кисела Вода.

Директорката на ЈДГ „Весели Цветови“ Валентина Божиновска за МИА вели дека групите во градинките се многубројни и дека капацитетот и нормативот е надминат за 50 проценти.

– На листа на чекање за упис имаме повеќе од 200 деца. Возраста е различна, а и чекањето е околу една година, истакна Божиновска.

валентина божиновска

Од општината наведуваат дека треба да се изгради нова градинка во населбата Драчево, со што ќе се помогне во делот на згрижување на децата од предучилишна возраст, а и ќе се растовари и капцитетот на постоечките градинки и ќе се намали бројот на деца кои се на листата на чекање.

– Покрај очекувањата од МТСП за помош во изградба на нови објекти за градинки на територијата на општина Кисела Вода, локалната самоуправа во својата Програма за работа која е изгласана на Советот на општината, предвидува шест милиони денари за изградба на нови објекти за градинки.

На територијата на општина Аеродром има две детски градинки „Буба Мара“ со пет клонови (Буба Мара, Пчелка 1, Пчелка 2, Сонце, Лавче, како и Центарот за ран детски развој Слонче) и „Срничка“ со шест објекти (Калинка, Чекорче, Изворче, Бамби, Црвенкапа, Лале).

Во градинката Срничка се запишани 1.710 деца, а во Буба Мара се запишани 1.364 деца.

Во врска со листите на чекање за запишување, од општина Аеродром информираат дека во градинките во Срничка моментално нема листа за чекање, додека во Буба Мара во моментов има 40 деца на листа за чекање.

Оттаму велат земајќи предвид дека општина Аеродром е млада населба, со голем број брачни парови, локалната самоуправа континуирано ја следи потребата од нови згрижувачки и образовни капацитети. Во таа насока, потенцираат од општината, имаме изработено и план за проширување на капацитетите, врз основа на фактичката состојба и идните потреби на населението.

Градинка Аеродром

– Општината почна изградба на нов објект за градинката Буба Мара со осум занимални, а во изминатиот период беше доградена градинката Чекорче. Подготвени се проекти за доградба на два објекти, а во тек е подготовка на изработка на еден проект за доградба и еден проект за изградба на целосно нов објект за детска градинка во населба Мичурин.

Дополнително, се предвидува вцртување на уште една нова градинка во населбата Тодор Чангов. Со цел зголемување на квалитетот на услугата во секој објект покрај дотациите за вработувања од Министерството за труд и социјална политика, Општината од сопствениот Буџет има обезбедено 17 дополнителни вработувања за градинката Срничка и 15 во Буба Мара за тековната година.

Мајката М.Д.Р. која живее во општината Аеродром вели дека за нејзиното дете поднела документи во градинка уште додека била на породилно отсуство.
– Ми кажаа дека нема место и да се снаоѓаме како што знаеме или да одиме во друга градинка. Детето тргна во градинка на две години, со помош на познати. Јас претходно чекав детето да ми биде примено во градинка без „ургенции“ но откако тоа не се случи, а ми беше неопходно тоа да појде во градинка, морав на таков начин да се снаоѓам, вели М.Д.Р.
Во општина Карпош функционираат десет градинки со згрижени 1.994 деца.
– Листа на чекање немаме. Во населеното место Бардовци се гради нова детска градинка со помош на Светска банка и буџетски  средства од општината, а се гради и нов објект – доградба во Тафталиџе 2 придружен на матичниот објект „Мајски цвет“, а догодина ќе се гради комплетно нова градинка во Тафталиџе 1 на улицата Варшавска, каде сега постои стара дотраена градинка, посочуваат од општина Карпош.

Во РМ има вкупно 30 приватни установи за деца, од кои 24 се приватни градинки, а шест се организациски единици и во нив се  опфатени 1.041 дете.

Славица Стефановска

Сузи Стоименова Котева 

Извор: МИА

 

Tags: градинкиМТСП
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ