Украинските сили за воздушна одбрана ноќе уништија два борбени беспилотни летала од иранско производство Шахед-136/131 во јужниот правец, јавува Укринформ.
„Ноќта на 16 јуни, единиците за противвоздушна одбрана на воздухопловните сили уништија два борбени беспилотни летала Шахед-136/131 од иранско производство во јужниот правец – во регионот на Миколаев“, објавија на Телеграм воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина.
Како што беше наведено, единиците за противвоздушна одбрана, исто така, уништија непријателски дронови Лансет, Орлан-10, Орлан-30, Зала и беспилотни летала од неодреден тип во текот на изминатиот ден.
Д. Т.