Две лица се убиени рано утринава, околу 03.00 часот на ул. Македонско-косовска бригада во скопската населба Топанско Поле. Двете лица на возраст од 28 и 24 години, биле пронајдени во безживотна состојба во патнички автомобил.
По полицискиот увид на терен, биле пронајдени чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушта), соопштија од МВР.
Засега не е познат мотивот за убиството, а полицијата трага по напаѓачите.