• Latest
Никица Корубин

Двата наративи на релација МПЦ ОA-СПЦ, каде е вистината?

May 20, 2022

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Двата наративи на релација МПЦ ОA-СПЦ, каде е вистината?

May 20, 2022 18:45
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

НИКИЦА КОРУБИН

Црковното прашање за канонско решавање на широко прифатен автокефален статус на МПЦ-ОА, кое се интензивира последните години, со кулминација во последните денови; доаѓа до фаза каде што веќе ниту една тајна не може да остане скриена. Под тајна го подразбирам, она што се ефектуира деновиве, а кое било далеку од очите на граѓаните (не на јавноста, бидејќи јавноста кај нас е речиси строго контролиран дискурс) или барем внимателно селективно присутен. Заклучокот кој може да се извлече од прикажаното и јавното, е дека завршницата е блиску, ама исходот е неизвесен. Не, како исход сам по себе, туку како квалитет на исход, ако како крајна и недвосмислена цел е автокефалноста. Неизвесноста доаѓа од моментално двата спротивставени наративи, иако на вчерашната литургија требаше да се прикажат како помирување. Но, како помирувањето го разбира МПЦ-ОА, а како помирувањето го разбира СПЦ?

Од една страна се завршните говори на двајцата поглавари, Стефан и Порфириј кој имаше и бонус обраќање, односно помош во зборовите на Јован од ПОА (за кој беше нејасно во кое својство се обрати при литургија што ја водат две цркви, претставени од нивните први лица), што може и да се разбере како “Јован го кажува тоа што Порфириј не може или не сака да го каже во тој момент”. Од друга страна се толкувањата во јавноста, македонската и српската, од страна на различен формат на говорници (познавачи, професори, аналитичари, новинари, црковни лица), за значењето на самата литургија, но и случувањата деновиве; од една страна одлуката на Вселенската патријаршија, а од друга страна одлуката на Соборот на СПЦ. Се чини како секој да си кажува своја приказна, односно се чини како истите настани да се посматраат од дијаметрално спротивставена позиција. Со една напомена, што кај нас, сепак има разногласност, барем во јавните настапи и изречените зборови.

Да почнеме од говорите на Архиепископот и Патријархот. Со додатокот на Јован од ПОА. Архиепископот Стефан во својот говор, кој имаше и канонски и политички пораки, недвосмислено се повика на одлуката на Вселенската патријаршија, па дури и одлуката на СПЦ ја протолкува дека е “во тој дух”, што за волја на вистината, никаде од страна на СПЦ не беше ниту изречено, а ниту напишано. Значи, тоа е темелот на првиот, нашиот македонски наратив. Сите активности за МПЦ-ОА, ако се толкуваат зборовите на Архиепископот Стефан, се во функција на реализација на одлуката на Вселенската Патријаршија за враќање во канонско единство на МПЦ-ОА до автокефалност и за решавање на “административните работи” со СПЦ, согласно канонските правила и историјата. И тоа решавање “во следните неколку денови”, “уште на овој Собор на СПЦ”. Во таа смисла, ние се водиме од единствената надлежна хиерархија, Вселенската Патријаршија, како единствена “мајка црква” и единствена во православниот свет, која уште од дамнешни времиња, дава автокефалност на било која црква. Тренд, кој опстојува дури до овој 21 век. Па, затоа самиот Архиепископ Стефан во обраќањето на литургијата, и се обраќаше на СПЦ како “сестринска” црква, на ист ранг, и единството го разбира, како канонско во духот на истата вера, односно религија. Во речникот на Архиепископот Стефан, немаше “мајка црква” кон СПЦ.

Но, ако нема во речникот на Архиепископот Стефан, затоа има во речникот на Митрополитот Тимотеј, инаку и портпарол на МПЦ-ОА, кој вели дека “МПЦ-ОА хиерархијата ја добива преку СПЦ”, односно таа за нас е “мајка црква”. Сличен став има и Митрополитот Петар, кој вели дека “со одлуката на Вселенската Патријаршија, ние сме упатени на СПЦ”. Но, како сме упатени, како еднаква или потчинета црква? Архиепископот Стефан говореше како да сме еднаква црква. Но, дали неговиот став е ист или различен од тој на овие владици? Решавање на “административните работи” е автокефалноста или потчинетоста? Бидејќи и оваа заедничка литургијата МПЦ-ОА ја прифати дури откако ја добивме одлуката на Вселенската Патријаршија со која не’ враќа во канонско единство.

Тука доаѓаме до вториот наратив, српскиот, или тој на СПЦ. Тие поканата за заедничка литургија ја испратија после нивната одлука на Соборот на СПЦ, во која велат, дека врз основа на испратено писмо од МПЦ-ОА, го враќаат статусот од 1959 година, односно “најширока можна автономија”, при СПЦ. Со што, може да се заклучи, дека се поништува одлуката за автокефалност на МПЦ од 1967 година. СПЦ, во одлуката не ја споменува воопшто и ниту еднаш, одлуката на Вселенската Патријаршија, не се повикува на неа, ниту ја поздравува. Формално, за неа во моментов и не постои. Иако, Архиепископот Стефан, “и се заблагодари на СПЦ, што ја поздравила одлуката на Вселенската Патријаршија”, таков поздрав немаше, барем како јавно искажан став на СПЦ. Иако, Патријархот Порфириј, имаше општ, коректен и со бирани зборови говор, не спомена автокефалност, не ја спомена одлуката на Вселенската Патријаршија, а на крајот имаше и јасно патронизирање, и претопување “ваша црква-наша црква” во обраќањето до Архиепископот Стефан. Затоа пак Јован од ПОА, чие само присуство на завршните говори, каде не би требало воопшто да биде присутен; и со чиј говор всушност и заврши “литургијата на помирувањето”, односно го имаше “последниот збор”, освен што се заблагодари на двајцата поглавари, ама во духот на одлуката на Соборот на СПЦ, а не во духот на одлуката на Вселенската Патријаршија; не заборави да предупреди да се превенира “уште еден раскол во СПЦ”. Гледајќи ја веројатно и МПЦ-ОА, како дел од поширокото семејство на СПЦ.

Затоа вчерашната литургија иако формално и официјално беше “за помирување”, покажува, се чини, дијаметрално спротивно разбирање на терминот “помирување”. Два света. Или два простори, како што вели Стефан “српскиот простор” и “македонскиот простор”. За едниот свет или простор, помирување значи дека “црквата ќерка” се вратила во закрилата на “црквата мајка”, па се славеше така вчерашната литургија. Ама, за нашиот свет или простор, само автокефалноста е достојна за славење, и тоа јасно и недвосмислено, како формална одлука, го очекува и Архиепископот Стефан. Во следните неколку дена.

Во спротивно? Е токму тука, доаѓаме, до почетокот на текстот дека дојде време кога веќе ниту една тајна не може да биде скриена. За почеток, после завршувањето на Соборот на СПЦ, доколку не следи одлука за автокефалност, која се очекува од страна на МПЦ-ОА (некој ја очекува како од сестра црква, некој како од мајка црква), се чини дека ќе треба да се прочита содржината на писмото на МПЦ-ОА, токму она на кое се повикува СПЦ. Да видиме конечно, кој што слави и славел со литургијата на помирувањето. Или пак, можеби тајната сепак ќе остане тајна, кога ќе измине рокот од неколку дена, и томосот секако, со или без СПЦ, на која и е дадена шанса, ќе биде доделен од единствената надлежна Вселенската Патријаршија? Некои тајни некогаш остануваат неоткриени, доколку исходот е целта, автокефалноста која веќе е најавена. На потег е СПЦ, со прилично ограничен рок на изјаснување, а преку неа и Србија. Дали, всушност, токму преку црквата, Србија конечно ќе се сврти кон ЕУ? Или ќе остане и натаму да жали за минатото по нивна мерка, но и да работи за “српскиот свет”? Ќе видиме во следните денови, а ќе видиме и колку ние, суштински сме за европските и сите други цивилизациски вредности. Ама, како еднакви и самостојни, а не потчинети и зависни.


Текстот е личен став на Авторот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ