Пред две години на 27 април, некаде околу 19 часот, се случи „крвавиот четврток“ кога насилно се влезе во Собранието. Маскирани лица, пушени од собраниското обезбедување, преку насилство и агресија се обидоа да го окупираат законодавниот дом.
Тие беа дел од протестот на „Заедничка Македонија“ што тоа попладне се случуваше пред Собранието против таканаречената „Тиранска платформа“, односно платформата на албанските партии за заедничка соработка, потпишана на почетокот на јануари 2017 година.
Многу новинари и политичари физички беа нападнати, а меѓу нив повредени беа Зијадин Села, Зоран Заев, Радмила Шекеринска… самиот упад се оцени како обид за убиство.
Во судскиот процес, чиј краен епилог се оцекува кон крајот на мај оваа година, досега се обвинети 16 лица. Највисока казна затвор од 18 години се одреди за Митко Чавков, поранешен директот на БЈБ. Од оние што влегоа таа ноќ во Собранието, казни затвор добија Јане Ченто, Влатко Трајковски и Никола Митревски-Кољо, Вилијам Михајловски, Игор Југ и Горанче Анѓелковски и Александар Василевски-Нинџа.
Оперскиот пејач Игор Дурловски беше ослободен, а 15 лица беа амнестирани, по донесување на Законот за амнестија на крајот од 2018 година.
Денеска со соопштение СДСМ, во изборен контекст, повика да не се повтори 27 април, а гласот за Силјановска е „глас за насилството и насилниците од 27 април, гласот за Сиљановска е глас враќање на темното време на репресивниот режим на ВМРО-ДПМНЕ“.
Б. Ј.