• Latest
Фото: МИА и МТСП

Две милијарди денари предвидува Оперативниот план за вработување на над 15 000 невработени лица

March 12, 2024

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Две милијарди денари предвидува Оперативниот план за вработување на над 15 000 невработени лица

Во креирањето на Оперативниот план главна цел е воспоставување функционална и флексибилна платформа за имплементација на мерки и услуги, при што ќе се понуди шанса за сите. Во дефинирањето на содржините, како општо правило се настојуваше да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 30 проценти. Ранливите категории на невработените лица останува уште еден од приоритетните цели на Оперативниот план, со што се потенцира општата заложба за еднакви можности за сите, рече министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски.

March 12, 2024 19:56
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: МИА и МТСП

Фото: МИА и МТСП

Share on FacebookShare on Twitter

Две милијарди денари за над 15.000 невработени лица се предвидени со годинашниот Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Како што беше речено на денешната промоција под мотото „Шанса за сите“, поддршката за отворање сопствен бизнис, како една од најбараните во Оперативниот план, ќе опфати околу 2 000 лица.

Во Оперативниот план се содржани и мерки за креирање нови работни места во микро, малите и средните претпријатија, како што се субвенции на плати и раст на правни субјекти, преку кои се планира да бидат директно вработени над 1 120 лица. Главен фокус ќе биде вработувањето на најранливите категории граѓани, долгорочно невработените млади лица, жените, Ромите,.., а преку посебен фонд е предвидена и поддршка за директно вработување на 150 лица со попреченост.

-Планот оваа година опфаќа 15 244 крајни корисници од кои 11 622 лица во мерки за вработување и 3 622 со услуги. Во креирањето на Оперативниот план главна цел е воспоставување функционална и флексибилна платформа за имплементација на мерки и услуги, при што ќе се понуди шанса за сите. Во дефинирањето на содржините, како општо правило се настојуваше да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 30 проценти. Ранливите категории на невработените лица останува уште еден од приоритетните цели на Оперативниот план, со што се потенцира општата заложба за еднакви можности за сите, рече министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски.

Оваа година, додаде, посебен фокус ќе биде ставен на поддршката на развојот на домашните претпријатија, пред сѐ на микро, малите и средните бизниси, како и на обезбедување соодветна работна сила преку различните видови обуки во реални работни услови.

-Дигиталната трансформација и воведувањето нови зелени инвестиции, исто така се во фокусот на Оперативниот план за вработување, напомена министерот.

Според него, оние што треба реално да се вработат, од државата не добиваат секогаш можност. Поддршката за бизнис секторот не им овозможува на компаниите да им дадат доволно високи плати на младите, поради што многу од нив заминуваат од земјата, но ако се гледа статистички, веќе си одат и повозрасни лица поради можноста за повисоки примања, повисоки плати и поквалитетен начин на живеење.

Директорот на Агенција за вработување, Ведат Османи потенцира дека секоја година година се одвојуваат се повеќе средства за Оперативниот план, а со тоа и се повеќе граѓани добиваат можност да се вклучат на пазарот на труд.

-Годинашниот Оперативен план сериозно ќе влијае на унапредување на состојбата на пазарот на труд во земјава. Сите 30 центри на Агенцијата за вработување се подготвени за негова реализација и се координирани со централната служба. Првите јавни огласи се веќе објавени, а останатите ќе се објавуваат етапно, подвлече Османи.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан истакна дека и во годинашниот Оперативен план, УНДП во партнерство со Агенцијата за вработување ќе реализира неколку клучни мерки и програми за вработување и зголемување на вработливоста со фокус на ранливите категории.

-Програмата за развој на УНДП, како долгогодишен партнер на Владата и националните институции ќе ја продолжи соработката со сите релевантни чинители преку дизајнирање иновативни механизми за поттикнување на економскиот раст и развој на приватниот сектор и обезбедување еднакви можности за сите, рече Григорјан.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Агенција за вработувањеУНДПшанса за сите
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ