Categories

РЕАКЦИЈА ДЗР – дециден: Извештајот за загадувањето е точен!

Несогласувањата меѓу заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и Државниот завод за ревизија продолжуваат.

По изјавата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, каде Макрадули го отфрли како неточен извештајот на Европската организација на врховни ревизорски институции – EUROSAI, денеска ДЗР излезе со контра-аргументи.

Сите податоци кои се презентирани во Меѓународниот ревизорски извештај за квалитетот на воздухот, кој неодамна беше објавен од страна на Државниот завод за ревизија се релевантни и се обезбедени од надлежни институции од страна на ревизорскиот тим, се вели во писмената реакција на Државниот завод за ревизија, откако „Мета“ побара коментар на изјавата на Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина дека во овој извештај податоците се само делумно точни.

„Заедничкиот извештај е резултат на кооперативна ревизија во која учествуваа Европскиот суд на ревизори и Врховни ревизорски институции на 15 земји меѓу кои и Државниот завод за ревизија на Македонија. Координатори беа Врховните ревизороски институции на Холандија и Полска“, стои во писмената изјава од Мијалчо Дургутов, ревизор во Секторот за информациски системи и портпарол на Државниот завод за ревизија.

Дургутов, меѓу другото истакнува и дека за оваа ревизија, Државниот завод за ревизија изготвил и објавил и Национален извештај, кој е објавен на веб-страната на Државниот завод за ревизија во февруари 2018 година и кој беше доставен до надлежните институции. Во Извештајот се дадени и препораки до надлежните институции по кои истите треба да постапат.

Макрадули изјави дека апсолутно е неточна констатацијата за индустријата, бидејќи таму е само лоцирана и земена РЕК Битола и влијанието на ЦО2 и СО2, како и дека „тој извештај датира од 2017 година и дека Меѓунардониот ревизорски извештај „лоцира некои точки кои делумно се точни, делумно не се точни“.

Макрадули притоа изјави дека она што најмногу не мачи нас во Скопје, во Тетово, Куманово и во Битола се ПМ- честичките и дека е научно докажано во цел свет, 90 проценти од ПМ-честичките се создаваат од загревањето на дрва.

М. И.
фотографија: Роберт Атанасовски

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email