Државниот завод за статистика денеска соопшти дека во досегашниот тек на пописот, заклучно со 20 часот вчера, попишани се вкупно 951.151 лице, 297.089 домаќинства и 402.768 станови.
ДЗС исто така извести дека 193.370 лица досега ја искористиле можноста за самопопишување за граѓани на земјата што се во странство.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.