Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, а само во текот на вчерашниот ден 111 186 лица, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица.
ДЗС истакнува дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување, граѓаните можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.
– Попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика кои се обучени за оваа активност и апелираме до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!, порачуваат од ДЗС.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.