• Latest

ЕБОР и НЛБ Банка Скопје со финансиски пакет за поддршка на конкурентноста и енергетската ефикасност

September 16, 2020
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕБОР и НЛБ Банка Скопје со финансиски пакет за поддршка на конкурентноста и енергетската ефикасност

September 16, 2020 15:17
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка Скопје потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони ЕУР за поддршка на македонските претпријатија.

Финансискиот пакет се состои од:

· Кредитна линија од 5 милиони ЕУР од Програмата за поддршка на конкурентноста на локалните мали и средни претпријатија, за инвестиции за надградба на производните капацитети во насока на зголемена комплементарност со различните ЕУ Директиви во областа на заштита на човековата околина, безбедноста на работниците и квалитет на производите, како и сигурност во работењето. Оваа програма е поддржана од Европската Унија и НЛБ Банка ќе биде петтата македонска банка која ќе се приклучи на истата;

· Кредитна линија од 3 милиони ЕУР од Програмата за финансирање на зелена енергија за поддршка на инвестициите во зелени технологии, материјали и решенија во станбени згради и домови во приватна сопственост. НЛБ Банка ќе биде четвртата локална банка која ќе се приклучи

на програмата поддржана од Европската Унија, Австрија и Инвестициската програма за Западен Балкан.

Со цел справување со пандемијата предизвикана од Covid 19 вирусот, во нашата земја беа преземени ригорозни мерки, а кризата имаше негативно влијание на економијата во целост. И покрај негативните ефекти од кризата, побарувачката за продукти наменети за подобрување на конкурентноста и обезбедување на енергетската ефикасност, остана на високо ниво. Се очекува овие две кредитни линии да ги покријат токму овие потреби.

,,Среќни сме што денеска НЛБ Банка стана дел од Програмата за поддршка на конкурентноста и Програмата за финансирање на зелена економија. Програмата за поддршка на конкурентноста е програма развиена од ЕБОР и ЕУ, преку која локалните мали и средни претпријатија се поддржани во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравје и безбедност, како и квалитет на производи; области каде сакаме македонските претпријатија да се издигнат, бидејќи се стремат кон интеграција во регионалните и Европските пазари. Програмата за финансирање на зелената економија се фокусира на кредитирање на побарувачката за енергетска ефикасност од страна на граѓаните, која продолжува и во овие времиња на предизвици, но ние остануваме да им бидеме на располагање на клиентите во поддршка на зелената транзиција на Северна Македонија.”, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

“Обезбедувањето на овој финансиски пакет е од особена важност за нашите клиенти затоа што ќе им се обезбеди полесен пристап до средства за финансирање на проекти за обновливи извори на енергија, остварување на енергетски заштеди и заштита на животната средина. Со новите кредитни линии ќе ја збогатиме понудата на Банката со нови кредитни продукти и силно веруваме дека истите ќе побудат интерес кај македонските компании и населението. Склучувањето на овој договор е уште еден доказ за успешната соработка која низ годините ја градиме со ЕБОР и нашата заедничка мисија да обезбедиме континуирана поддршка на растот на македонската економија “, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Со оваа конкурентна кредитна понуда прилагодена на актуелните потреби на пазарот продолжува континуираната долгогодишна соработка меѓу ЕБОР и НЛБ Банка. Преку неа Банката успешно ја потврдува својата позиција на промотор и поддржувач на растот на локалните бизниси и воопшто населението. Со овие продукти клиентите истовремено ќе имаат помали трошоци заради енергетските заштеди, но и ќе добијат одреден процент на поврат на средства по успешно реализираната инвестиција

ЕБОР до денес има инвестирано над €2 милијарди во 134 проекти во земјата. ЕБОР одговори и на пандемијата со насочување на активностите во справување со економските последици од КОВИД-19, со вкупен пакет на поддршка од €21 милијарда, до крајот на 2021 година.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ