Еден полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пренесува МИА.
Хеликоптерот на Дирекцијата за заштита и спасување од воздух почнал со исфрлање на вода од 5 часот.
-Ер-тракторот ќе пристигне околу 10 часот. Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово, изјави Ангелов.
На помош пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица, Тетово.
Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски претходно за МИА информираше дека со помош на хеликоптерот спречено е ширење на огнот кон боровата шума и е направен обрач околу огнот. Првично беа зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел.
Надлежните велат дека има индиции и овој пожар да е подметнат.












