• Latest

Ефикасноста и брзината на одвивање на кривичните постапки се главен проблем, покажува Третиот извештај за СЈО

May 20, 2020

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ефикасноста и брзината на одвивање на кривичните постапки се главен проблем, покажува Третиот извештај за СЈО

Прашањето на ефикасноста и брзината на одвивање на кривичните постапки се главниот проблем идентификуван во третиот и конечен извештај за активностите и случаите под поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), што го презентира денеска Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

May 20, 2020 14:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето на ефикасноста и брзината на одвивање на кривичните постапки се главниот проблем идентификуван во третиот и конечен извештај за активностите и случаите под поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), што го презентира денеска Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

– Се чини дека судењата се одвиваа бавно и долго во основа поради две причини: затоа што начинот на изведување на доказите пред судечкиот совет не е соодветен и поради честите одолговлекувања и одложувања на закажаните расправи. Во најголемиот број судења, изведувањето на материјалните докази се вршеше пред да биде слушнат исказот на повиканите сведоци. Дополнително, се чини дека обвинителите не ги поседуваат потребните вештини и/или не се спремни да ги изберат и пред судот да
ги изведат само релевантните докази со кои се потврдуваат наводите од обвинителниот акт. Што се однесува до судиите, се чини дека тие се премногу толерантни и ги прифаќаат различните барања на странките во однос на предлагањето докази, се вели во извештајот.

Публикацијата вклучува препораки до судските актери, законодавната и извршната власт, со цел да се решат прашањата утврдени во извештајот кон подобрување на ефикасноста и правичноста на судските постапки.

– Клучните препораки упатени кон различните чинители ја вклучуваат и препораката за навремено и целосно споделување на сите докази со одбраната, односно, оние што одат во полза на обвинението, меѓутоа и оние во полза на обвинетиот, без разлика на форматот во кој се наоѓаат, како и препораката за прецизен избор на доказите што ќе се изведуваат во текот на судењето, доставувајќи ги до судот само оние материјали кои се неопходни како поддршка и доказ за теоријата на случајот која се застапува.

Другите препораки се упатени до адвокатите на одбраната, кои треба да ги прифаќаат само оние предмети за кои се сигурни дека можат да понудат ефикасно и квалитетно правно застапување, со целосно почитување на европските најдобри практики во сферата на професионалната етика.

На судовите воглавно им се сугерира да ги одложуваат расправите само кога тоа го бараат и им оди во полза на обвинетите кои навистина не се во состојба да присуствуваат. Исто така, од судиите се бара да ги користат алатките за управување со судската постапка кои се предвидени во ЗКП и да се уверат дека во текот на судењето ќе бидат изведувани само релевантни и важни докази.

Извештајот се фокусира на наодите од следењето на судењето од гледна точка на меѓународните стандарди за фер судење. Го опфаќа периодот помеѓу 1 декември 2018 и 15 јануари 2020 година. Два прелиминарни извештаи беа објавени во август 2018 и јуни 2019 година.

– СЈО е создадено во септември 2015 година за да фрли светлина врз скандалот со прислушувања што ја доведе земјата во длабока политичка криза. И покрај тоа што случаите повеќе не се гонети од СЈО, Мисијата продолжува со мониторингот бидејќи веруваме дека присуството на набудувачи во судницата ја подобрува транспарентноста на постапките и помага во градењето доверба на јавноста во системот на кривично право, рече Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за време на онлајн презентацијата.

Претседателот на Кривичниот суд во Скопје, судијата Иван Џолев додаде дека извештајот, подготвен од Мисијата на ОБСЕ, е исклучително важен патоказ што покажува каде треба да се стремиме како судство.

– Ние го цениме овој аналитички извештај и препораките упатени до Обвинителството, бранителите и Судот, но и законодавната и извршната власт, кои се од суштинско значење. Во извештајот се истакнуваат судиите на Кривичниот суд за правилно постапување со предметите иницирани од СЈО, но во исто време, прифаќаме и критики, што ќе ни помогне да ги подобриме перформансите во согласност со законските одредби и надлежностите на Судот, изјави Џолев.

Извештајот е дел од проект финансиран преку вонбуџетски придонеси, обезбедени од Бирото за меѓународни работи за наркотици и спроведување на законот при Стејт департментот на САД и амбасадите на Канада и Холандија.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ