• Latest

Егзодус и катарза

September 10, 2019
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Егзодус и катарза

Македонија, доколку во целост се остварат заканите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ги овори границите и ќе ги насочи бегалците кон Европа (околу 3,5 милиони), бездруго ќе го пополни споменатиот недостаток, тоа празно место во речниците и нагледно ќе следи еден невиден егзодус, започнат во Сирија, Иран, Авганистан..., една трагедија во движење, на чиј пат се нашла и оваа земја. И, наместо зборови, ќе ги гледаме сликите од пред четири години – грди, тажни, трагични, недостоинствени, непримерени за човековиот род, слики кои на многумина им го навредуваат погледот , им го скршнуваат настрана или им го приковуваат за земјата.

September 10, 2019 09:24
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишива: МИЛАН БАНОВ

За една од најголемите несреќи што можат на му се случат на човекот додека ја изодува својата животна патека, за егзодусот, во речниците и лексиконите може да се прочита дека е тоа истерување луѓе од своите живеалишта и од својата земја, бегање оттаму поради тешките услови, несигурниот живот, војните, заканите по него, стравот…, принудно иселување и истапување од некоја поголема заедница. Но, иако зборот своето потекло го влече од втората Мојсиева книга, го опишува излегувањето на Израелците од Египет и нивниот пат кон посакуваната безбедност, во современите речници нема да најдете ништо за тој тежок, непрегледен пат, за таа голгота што треба да се мине и преживее. Ако се преживее.

Македонија, доколку во целост се остварат заканите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ги овори границите и ќе ги насочи бегалците кон Европа (околу 3,5 милиони), бездруго ќе го пополни споменатиот недостаток, тоа празно место во речниците и нагледно ќе следи еден невиден егзодус, започнат во Сирија, Иран, Авганистан…, една трагедија во движење, на чиј пат се нашла и оваа земја. И, наместо зборови, ќе ги гледаме  сликите од пред четири години – грди, тажни, трагични, недостоинствени, непримерени за човековиот род, слики кои на многумина им го навредуваат погледот , им го скршнуваат настрана или им го приковуваат за земјата. Но ако тој, погледот, се одлепи од земјата, тогаш веќе во живо ќе се следи една драма, безмалку античка трагедија, без катарза, со илјадници актери, речиси сите во главна улога. А тој статус го добиле затоа што сите тие колективно, небаре се едно тело и еден дух, ѝ се спротивставиле на злата судбина што им ја намениле некои нивни богови.

И бидејќи во нашиов случај, ако се има предвид 2015 година, бавно се случуваше излегувањето на трагичните ликови од македонската сцена (во трагедиите на Есхил, Софокле и Еврипид означено како ексода), ние, можеби, ќе имаме можност, велам, без да доживееме катарза, да следиме повеќе драмски ситуации што, главно, ќе се одвиваат на македонско-грчката граница, на железничката станица во Гевгелија, но и на други сценски простори низ нашата држава. На пример, да видиме повеќеилјаден хор (задолжителен во античките трагедии) од избезумени хористи, стуткани на простор не поголем од неколку стотини квадратни метри, како во еден глас, врескаво го бара своето природно право да дише, а повремено моли и за вода, храна,медицинска помош, облека… Би можеле да видиме и стампедо кон возот-арка, кој, веруваат, ќе ги однесе на сигурната почва на нивниот Арарат. Дали пред нас, од океанот на најдлабоката мизерија, ќе изнурне сликата на валкани, вошливи, крастави, полуоблечени деца, на нивните болни мајки и баби; дали ќе станеме сведоци на беспомошноста и очајот на нивните татковци… Ќе гледаме ли болест, чума во дваесет и првиот век, ќе ја осведочиме ли и смртта…

…Или, ќе видиме слика едноставна а совршена – подадена рака кон бегалецот , насмевка, благ поглед кој не бега од непријатната вистина; слика обоена со хуманост. Но, тоа не би смеело да биде единечна слика, инцидентна добрина, туку таа, вистинската помош, треба да е многукратна, да следи аритметичка прогресија, да ја препознава целта трагедијата да се ублажи. Едноставно, хуманоста, без лицемерие и лажен алтруизам, да се покаже поединечно и на државно ниво, да се обезбеди брз и ефикасен проток низ нашата земја (зашто нивната егзотероманија, страста по странство, не ја препознава Македонија), да овозможиме пристојни услови на бегалците, воздух, вода, храна, облека, покривки, медицинска помош… И одеднаш, во безнадежниот свет се појавува надеж, а оваа трагедија, како и во антиката, ќе има логичен завршеток – публиката, односно ние, ќе ја доживееме катарзата, моралното прочистувањето на душата.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ