• Latest
Војо Маневски

Еј кафано!

August 18, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Еј кафано!

August 18, 2021 14:17
in СЛОБОДНА ЗОНА
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Кога минатата недела Владата донесе одлука за мерки при влез во угостителските објекти, чувството дека некој повторно ќе ги дели моите сограѓани се наметна за дискусија, како да се работи за одлука на Европската Комисија. Штом се донесе, веднаш има сто толкувања и реакции. „Ја потикнува нерамноправноста меѓу граѓаните, ги урнисува сопствениците на локалите, нема никаква корист од неа“.

Само една недела пред оваа одлука, на влезот на центарот за вакцинација се досадуваа неколку редари, а медицинските лица се радуваа кога некоја група на граѓани ќе дојдеше за вакцинација. Сега повторно се направи ред од апликанти, нервозни граѓани, што бараа што побргу да се вакицинираат. Министерот Филипче со радосен глас ги чита бројките на ново имунизирани лица. Одеднаш се намали бројот на антиваксери, на познавачи на светските заговори и уплашени граѓани од чипирање и неиспитани вакцини. Никако да разберам, што е тој страв од чипирање? Што е тоа што можат да ни внесат во организмот и многу да ни штети, а за десeт години ги изедовме сите резерви на НATO во пилешко месо. Тогаш не прашувавме што има во евтините копани.

И сѐ тоа заради забраната за влегување на невакцинираните граѓани во кафаните. Се извинувам заради употреба на овој термин со кој се означува една од најважните институции во живеењето на мојот народ. Знам дека има и други имиња за тој централен простор на општественото битисување, но овој некако ми изгледа најпогоден за да можам да ја изразам својата длабока емоција. А морав и да го скратам поради мојот провинијалски изговор.

Замислете да треба да извикам искрено – еј пицеријооо, или ој ресторанеее! Кој би ми поверувал? Не дај боже некој да те разбере ако  извикаш – кафулеее проклето да си! Најголем број на слушатели ќе помислат дека си нагазил некаков трн, па се виткаш од болка. Ама кога од дното на душата запееш и закукаш – еј кафано муко – е тоа е разлика како меѓу романот на Достоевски и цртаниот роман со Загор или Текс Вилер.

Имаат право оние што приговараат на ваквата одлука. Не е сосема јасно кој треба да ја врши проверката на влезот од кафаната. Ако се држиме до законот и нормираниот јазик, замена за името кафана е неговиот предок – крчма. Крчмата има крчмар, крчмарка и келнери. Ако стои на вратата крчмарот, тоа ќе значи спуштање на неговата општетсвена положба за две места надолу. Ако стои крчмарката тоа може да биде и привлечно за гостите, но и ризично за внатрешната хармонија на кафаната. Замислете некој што го поминал контролниот пункт веднаш да викне – крчмарке вино донеси и веднаш ја запее патриотската песна „Налеј, налеј, налеј, крчмарице налеј“. Постои можност да се напушти контролниот пункт и да влезе некој невакциниран и опасен по околината.

Останува келнерите да бидат во двојна улога. И овде ќе имаме проблеми поради склоноста на оваа професија да ги побркува бројките и сосема легитимно да ги зголемува. Ако некој покаже документ дека е пелцуван со некоја англиска вакцина, сосема е очекувано таа ставка да се најде на распоредот на крајната сметка. ПР – две салати, пет ракии и ова последното е Астра Зенека – десерт. И оп, расправија во кафаната. Ваквите опасности мора да се избегнуваат како да се последици од вакцинирањето.

Значи мора да се ангажира надворешен соработник за редар на влезот во кафаната. Овде треба да сме начисто од каде доаѓа ангажираното лице. Дали има сертификат и што е најважно, од која партија е. Да, да драги сопатилци, многу е важно и едното и другото. Ако нема сертифиикат за тоа работно место, а го изложиме на ризик да се сретнува со невакцинирани граѓани, постои можност да биде заразен, а бидејќи е на работна задача после ќе мора да му се зголеми платата за 30%, заради зголемен обем на ризик при извршување на работните задачи. Така вели законот што можеби ќе дојде на разгледување во Собранието. А за тоа од која партија доаѓа посоченото лице во оваа предизборие, посебно мора да се внимава. Редарот има шанса да направи список на гостите заедно со нивната партиска определеност. Радарски скенира кој каде седнува и прави известие. „Во 11 и 30 дојде лице Н.Н. влезе и седна на масата на познат партиски активист“. Таков документ веднаш се испраќа до штабот на детална обработка. За одгласот од разговорите меѓу гостите воопшто и да не разговараме. Сѐ се слуша и се регистрира. Ако е некој од повисоките ешалони на партијата што е на власт, присутен во заведението, вршењето на ваквата одговорност може да му овозможи повисоко место во институциите на вршителот должност – редар. Еден месец работа како редар на врата во кафана му е искуство со кое може да биде шеф на одделот за човечки ресурси, во било кое јавно претпријатие. Ако во кафаната се собираат лица од културата и се пушта музика, што не е турбо фолк, може да добие потврда за работа во културата и да стекне услов да биде директор на некој од центрите за култура во државата. Така, тоа место полека ќе стане и најважно во кафаната. Секој може да послужи две пива или салата и жолта, ама да стои на врата и да ја обавува таа одговорна должност, бога ми треба посебна способност.

Не разбрав дали редари можат да бидат и преставничките од понежниот пол. Секако Уставот им го дава тоа право и никаков меанџија не може да им го одземе. Ова има свои предности и недостатоци. Предност е што тешко кој просечен посетител на кафана ќе одбие да одговори на љубезно поставено прашање – имате ли сертификат дека сте вакцинирани? И што ти преостанува? Вади од џебот хартијата или пропаѓај во земја зошто не си вакциниран, трето нема.

Недостатокот е затоа што просечниот балканец е храбар во кафана (сега на Фејсбук), а се плаши од жена му како од лоша ракија. И замислете ја сцената – се подготвуваш за влез во кафаната, кога таму на врата стои женска особа и бара некакви потврди. Веднаш ти светнува во главата сликата од пристигнувањето дома. Ти на врата, а таа со ладно ондулирана коса, веднаш те стресува со прашањето – каде беше до сега и вади фискалните да видам колку потроши! Ете ти проблем кој се решава со војнички налево круг и пиво пред гранапчето каде нема редарки што бараат некакви потврди.

Тешко ќе се реши овој проблем почитувани владетели. Вакви редарски служби сѐ како диво месо во благородната природа на кафаната. Во кафана се влегува не да се напиеш, туку да се сретнеш со разни луѓе со слични намери. Ликови кои од нешто бегаат, а најчесто се сокриваат од самите себеси. Секоја контрола е само битно нарушување на причината за постоење на кафаната.

Ако сакате да бидеме сите вакцинирани јас имам предлог. Заменете ја вакцината со некое средство за запрашување. Штом дојдеш на влезот на кафаната, некој само те зафлита со средството и готово. Нема чипови, нема игли, а тоа средство треба да е без мирис. Кога отидеш дома сопругата да не може да препознае дека си бил во кафана, колку и да заоѓа околу тебе и те мириса.

Што и да правите драги властодршци, не дозволувајте да се уништи последното катче на човечката слобода, каде можеш да бидеш свој, но и да бидеш тоа што не си. Да среќаваш нормални луѓе со целата своја ненормалност, токму затоа што се припадници на човечкиот род.

За крај зошто морав да викнам ЕЈ КАФАНО? Затоа што со тој крик се кријам за никој да не препознае дали сум среќен или тажен, дали патам или се радувам. Малку се таквите крикови кои се неутрални во ова определено време. А и вакциниран сум и тоа два пати.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ