• Latest
ФОТО: Архива

ЕК: Поволна оценка за слободата на медумите, потребни дополнителни напори во борбата со дезинформациите и говорот на омраза

October 20, 2021
Фото: Скриншот од видео на
TRT World

САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 14, 2025

24 ЧАСА: За платено политичко рекламирање пријавени 333 медиуми; Се активира механизмот за претставки за изборни активности онлајн; Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски; Ескалација на протестите во Србија

August 14, 2025

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

August 14, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

August 14, 2025

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 14, 2025
Фото: Володимир Зеленски / Х

Украина врати дома 84 Украинци од руско заробеништво во најновата размена на затвореници – некои заробени од 2014 година

August 14, 2025
Фото: Карл Билд/Х

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

Пуштена во употреба клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

August 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЕК: Поволна оценка за слободата на медумите, потребни дополнителни напори во борбата со дезинформациите и говорот на омраза

October 20, 2021 15:09
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
ФОТО: Архива

ФОТО: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Умерено подготвена во областа на медиумите, е оценката за Северна Македонија во годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот што земјава го остварила на патот на евроинтрациите. ЕК забележува одреден напредок, генералниот контекст е оценет како поволен во однос на слободата на медиумите и нотирано е дека тој овозможува критичко медиумско известување, иако во оваа насока се забележани одредени тензии во Ковид-19 кризата.

ЕК во делот посветен на Поглавјето 23, кое се однесува на судството и основните права го разработува прашањето за слободата на изразување и нагласува дека е потребна саморегулација, во оваа насока бара конкретни резултати, а укажува и на потребата од зголемување на професионалните новинарски стандарди.

Властите и оваа година добија препорака за зголемување на напорите за реформирање на Јавниот радиодифузен сервис, обезбедувајќи ја неговата независност и финансиска одржливост. ЕК повторно со забелешки поради одложување на назначувањето на членови во Програмскиот совет на јавниот сервис, како и во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.

ЕК нотира дека ковид-кризата предизвика и силно економско влијание во медиумскиот сектор и додава дека медиумите биле вклучени во пакетот за помош, но со критика за работничките права на новинарите и медиумските работници и препорака дека тие треба да бидат соодветно адресирани.

Повеќето од минатогодишните препораки на ЕК остануваат валидни, а за годината што претстои Северна Македонија треба да се насочи на:

-Ревидирање на правната рамка во областа на медиумите, согласно ЕУ акито и европските стандарди особено во насока на продолжување на напорите за хармонизација на националното законодство со ревидираната европска директива и аудиовизуелниот медиумски сервис.

-Вложување на потребните напори за имплементација на стратегија за реформирање на јавниот сервис и финализирање на назначувањата во Програмскиот совет на јавниот сервис и во Советот во АВМУ.

-Воведување пристап на нула толеранција во однос на заплашувања, закани и акти на насилство врз новинари во нивното извршување на професијата, како и изведување пред судовите на извршителите на вакви дела.

ЕК во извештајот посветен на медиумската сфера наведува дека лани имало десет случаи на заплашување на новинари, кои биле пријавени во Министерството за внатрешни работи додека, Здружението на новинари на Македонија регистрирало два физички напада и 12 различни форми на вербални живото-загрозувачки закани и заплашувања. На почетокот на оваа година биле регистрирани еден еден физички напад и една смртна закана.

Надлежните ги следеле случаите, но ЕК забележува дека е потребна подобра координација меѓу различните институции и побрза реакција за пријавените случаи на насилства, како и ставање крај на неказнивоста на сторителите, нагласувајќи дека само мал број од извршителите на физички напади против новинари се изведени пред суд.

Споменати се предложените измени во Кривичниот законик, со кои новинарите и медиумски работници се вклучуваат во категоријата службени лица, за кои е потребна дополнителна заштита, кога се изложени на напади и закани поради природата на нивната професија.

ЕК наведува дека националните и меѓународните медиумски асоцијации забележуваат зголемување на заканите од политичарите и носителите на функции, онлајн вознемирување и вербални напади врз новинари, вклучувајќи ги тука и социјалните мрежи.

Европската Комисија оваа година повторно се осврнува на реформите во јавниот сервис и забележува оти тие се одложуваат, а потребно е да бидат означени како приоритет.

-Според Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски сулуги, износот за финансирањето на јавниот сервис е дефиниран како процент од државниот буџет, со постепено зголемување (на 0,8 отсто во 2019, на 0,9 отсто во 2020 еден процент во 2021).  Поради дискрециските права на властите предвидени со Законот, трансферот на средства продолжи да се извршува по пониска стапка. Во декември 2020 година Владата ја намали месечната рата за 50 отсто, што доведе до целосен буџет за 2020 година од 13,1 милион евра. Анализите на регулаторниот пазар објавени во септември 2020 година покажуваат постојано намалување на финансирањето на јавниот сервис во изминатите години (буџетот во 2015 година беше 20,9 милиони). Јавниот сервис усвои петгодишна стратегија во блиска консултација со медиумските асоцијации. Значително намалување на финансирањето ја попречува успешната имплементација на стратегијата и влијае на квалитетот на работењето, нагласува ЕК во извештајот и додава дека не се пронајдени ниту решенија за старите долгови на јавниот сервис кон државните институции.

ЕК се осврнува и на финансиската состојба воопшто на медиумскиот сектор, при што забележува дека ковид-кризата влијаела, Владата презела сет мерки, но финансиската одржливост на медиумите и начинот на нивно финансирање во моментот е причина за загриженост за интегритетот и независноста на медиумите.

Дополнителни мерки за поддршка на професионалното и истражувачкото новинарство, препорачува ЕК и потсетува дека во јануари Централниот регистар поставил рок од 90 дена за регистрација на податоците во „Регистарот на вистински сопственици“, со што дополнително се обезбедила транспарентност во сопственоста на правните лица, вклучително и медиумите.

Во документот се наведува дека рекламирањето на Владата на комерцијалните канали е забрането, но се истакнува дека медиумските здруженија изразилеа загриженост за можната измена на членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со цел да се овозможат кампањи од јавен интерес финансирани од државата.

ЕК наведува дека во земјава постојат пет дневни весници, вклучително и два на албански јазик и потсетува дека во 2020 година, властите издвоиле 500.000 евра за поддршка на печатените медиуми.

Во однос на интернет просторот и онлајн медиумите ЕК нагласува дека е усвоен системот на саморегулација, но но оти нема конкретно следење на процесот. Го споменува Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk), со кој се поставуваат минимални професионални стандарди за онлајн медиумите. Регистерот, според податоците од септември, вклучува 152 онлајн медиуми.

Се забележува дека се потребни дополнителни напори за решавање на прашања поврзани со дезинформациите и говорот на омраза, вклучувајќи ја и Интернет сферата.

Во однос на условите за работа ЕК нагласува дека Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници дејствува во таа насока, има дијалог со Владата, кој треба да биде поредовен и подобро структуиран со цел да се адресираат предизивиците со кои се соочува медиумската сфера.

ЕК нагласува дека е потребно подобрување на условите во кои работат новинарите, нивните работнички и социјални права, особено на локално ниво.

Во извештајот се наведува истражувањето на ССНМ, според кое, 23 отсто од медиумските работници немаат здравствено и социјално осигурување, а 19 отсто одговориле дека менаџментот во медиумот не им дозволува на работниците да формираат синдикат.

-Ниските примања, како и непочитувањето на Законот за работни односи од страна на работодавачите се најчестите и постојани предизвици за новинарите. Поради лошите работни услови, новинарите и медиумските работници се ранливи на самоцензура, се наведува во извештајот на ЕК во однос на состојбата со медиумите во земјава

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ