• Latest

ЕК: Исплатата на средства од Планот за раст на Западниот Балкан се очекува меѓу вториот и третиот квартал

February 17, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕК: Исплатата на средства од Планот за раст на Западниот Балкан се очекува меѓу вториот и третиот квартал

February 17, 2025 11:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првите редовни исплати на средства во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан се очекуваат помеѓу вториот и третиот квартал од 2025 година, откако ќе бидат исполнети предвидените услови за тоа, изјави за МИА портпаролот на Европската комисија.

Тој посочи дека за спроведување на реформите утврдени со Реформските агенди подготвени како дел од Планот на ЕК за раст на Западниот Балкан, шесте земји од регионот може да побараат средства во форма на предфинансирање во износ до седум отсто од вкупната сума предвидена со овој инструмент за секоја од нив.

– Тоа го побараа сите пет корисници со одобрени Реформски агенди, освен Босна и Херцеговина која се уште не ја достави својата Реформска агенда. Комисијата сега ги финализира процедуралните чекори, кои треба да овозможат исплата на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни плаќања се очекуваат помеѓу вториот и третиот квартал во 2025 година по исполнување на предвидените услови, додаде портпаролот во изјавата.

Медиуми од регионот викендов објавија дека првите исплати од Планот за раст за Западниот Балкан нема да бидат извршени во првата половина од оваа година, како што беше претходно најавено.

Според овие наводи, застојот е предизвикан поради тоа што земјите од регионот треба да склучат договори за позајмици со Европската Унија, бидејќи дел од средствата што ќе им се доделат во рамки на Планот се во форма на заеми, а дел грантови, па секој од тие договори имаат карактер на меѓународна спогодба што мора да биде ратификувана од Парламентот на соодветната држава.

Нашето Собрание на 27 декември минатата година по скратена постапка го усвои Законот за задолжување со заем кај Европската Унија по Договор за заем од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со кој се овозможува исплата на над 750 милиони евра како предфинансирање за земјава од Планот за раст.

–  Македонија со целосно спроведување на реформите од Реформската агенда ќе добие 750.354.553 евра во периодот 2024-2027 година, од кои 535.012.159 евра заем и 215.342.394 евра грант. Од нив 349.095.433 евра заем се наменети за буџетска поддршка, а 185.916.725 евра заем и 215.342.394 евра грант се наменети за инвестициски проекти. Најмалку 37 отсто од грантот ќе бидат наменети за климатски цели. Сите повлечени средства од заемот ќе се отплаќаат најдоцна 40 години од датумот на потпишување на Договорот за заем со вклучен грејс период до 10 години, посочи Министерството за финансии при предлагањето на Законот.

Извор: МИА 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ