• Latest

Екологисти и професори бараат Владата да го раскине договорот за мала хидроцентрала во НП „Маврово“

March 31, 2022

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Екологисти и професори бараат Владата да го раскине договорот за мала хидроцентрала во НП „Маврово“

March 31, 2022 09:13
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Екологисти и професори од 37 граѓански организации и повеќе факултети поднесоа барање до Владата да не го продолжува и еднострано да го раскине договорот за изградба на малата хидроцентрала „Рибничка 7“ во Националниот парк „Маврово“, склучен во 2015 година. Рокот за изградба на оваа хидроцентрала истекува на 7 Мај годинава, а според важечкиот договор, доколку не се испочитува, Владата има право еднострано да го раскине, пренесува Мета.

„Ова е одлична прилика за Владата да покаже дека зад изјавите дека сака да спречи изградба на мали хидроцентрали во заштитени подрачја и бара начини како тоа да го стори стои вистинска намера“, велат екологистите од „Фронт 21/42“.

Тие укажуваат дека откажувањето на малите хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“ е препорака која Бернската конвенција ја повторува од 2015 година, а во декември лани Конвенцијата прецизираше дека од Македонија се бара да ги суспендира и откаже сите одобрени концесии за мали хидроцентрали на територијата на паркот и да спроведе забрана за големи, средни и мали хидроцентрали во сите национални паркови, подрачјата на светско наследство и другите заштитени подрачја.

„Хидроцентралата „Рибничка 7“, освен што е во рамки на Националниот парк, исто така е во непосредна близина на новопрогласеното Светско природно наследство во нашата земја – Буковата шума во долината на Длабока Река, која со Одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 44 сесија во јули лани стана дел од досието „Древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа“, посочуваат екологистите.

Тие нагласуваат дека спроведувањето на меѓународните ратификувани договори, како Бернската Конвенција, според Уставот е дел од внатрешниот правен поредок на државата, а законите ја посочуваат токму Владата, заедно со Претседателот, како одговорни за спроведување на ваквите договори.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ