Во седмото издание на КОЛЕГИУМ, уредниците во медиумската платформа на ЦИВИЛ пласираат ексклузивни информации, но и остро ги коментираат најактуелните теми во земјата, регионот и светот.
Меѓународниот ден на лицата со попреченост е повод да се сетиме дека 1,3 милијарди луѓе во светот (16%) живеат со некаков вид попреченост. Што има ЦИВИЛ да каже во врска со тоа?
Понатаму, слушнете нови детали за големиот меѓународен настан на 11 и 12 декември во Скопје.
КОЛЕГИУМ-от дискутира за инцидентите со знамињата и последиците од нив, како и за други актуелни политички теми во земјата.
Од регионот, се издвојува нападот на каналот Ибар-Лепенец, а од светот, за протестите во Грузија и помилувањето на Хантер Бајден.
Овие и низа други теми беа дел од КОЛЕГИУМ. Гледајте или слушајте, но не пропуштајте!
0:00 – Меѓународен ден на лицата со попреченост; нови детали за меѓународната конференција за одбрана на демократијата, 11-12 декември – Џабир Дерала
7:32 – Знамиња, тензии, „две полиции“, омраза – Дехран Муратов
18:17 – Терористички напад во Косово, последици – Диана Тахири
27:41 – Протести во Грузија; помилувањето на Хантер Бајден – Биљана Јордановска Во седмото издание на КОЛЕГИУМ, уредниците во медиумската платформа на ЦИВИЛ пласираат ексклузивни информации, но и остро ги коментираат најактуелните теми во земјата, регионот и светот.
На КОЛЕГИУМ ќе се најдат и линкови за новата веб страница специјално посветена на конференцијата: DefendingDemocracy, како и новите рубрики ДЕМОКРАТИЈА – ЦивилМедиа на македонски, и DEMOKRACI – Drejt на албански.
По повод 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ, отворена е нова рубрика РЕКОА ЗА ЦИВИЛ, каде што беше објавена и видео изјава од поранешниот претседател Стево Пендаровски.
Учествуваат: Членови на уредувачкиот колегиум на медиумската платформа на ЦИВИЛ
Реализација: Ариан Мехмети