• Latest
Поранешен претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Стево Пендаровски за ЦИВИЛ: 25 години неуморно работење за демократијата и човековите права

December 2, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Стево Пендаровски за ЦИВИЛ: 25 години неуморно работење за демократијата и човековите права

Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски даде посебна изјава по повод 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода во која ја истакна општествената улога на организацијата, но и недостатокот од разбирање и признание за значењето на граѓанското општество во земјата

December 2, 2024 15:08
in ОПШТЕСТВО, РЕКОА ЗА ЦИВИЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Поранешен претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Поранешен претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето кои ме познаваат подолго време, знаат дека јас не сум склон кон патетични начини на изразување, а во исто време паметам и дека за 20-годишнината од вашето постоење кажав неколку пригодни зборови. Сакам и овој пат да се задржам во тие рамки. Значи, без патетика да зборуваме само за она што реално го имате направено во изминативе години – во една многу неповолна околина.

Јас навистина ви се восхитувам. Тоа го реков и по повод 20-годишнината, дека се бавите со работа за која практично немате признание ниту од домашното население, од домашните граѓани, ниту имате поддршка каква што заслужувате од домашните институции и – ако не се некои ентузијасти од надвор да ве помогнат со ресурси, со совет, со експертиза – прашање е дали воопшто можете физички да опстанете на овој простор.

Работењето во невладиниот сектор е најтешка и најнеблагодарна работа во Македонија. Ако си во политиката, по закон точно знаеш што ти следува. Не зборувам само за ресурси, туку затоа што си го знаеш своето место. Знаеш и низ кои форми се обраќаш кон јавноста, на кој начин работиш со граѓаните. Ако си во бизнисот, повторно, постојат некои регулативи.

Невладиниот сектор е несаканото дете на македонската демократија. Никогаш, ниту една невладина организација не добила пошироко признание, не само од институциите, туку од граѓаните да кажат – ако не беа овие ќе живеевме многу полошо. А вие правите, вашата организација конкретно, како една од доајените во таа сфера во Македонија, правите многу повеќе од многу политички партии и политичари што направиле за Македонија. Само што тоа не е видливо, за жал, и не е пошироко признаено.

Значи, ви се восхитувам на ентузијазмот, на волјата, на упорноста, веројатно на моменти и на тврдоглавоста да опстоите, иако ве удираат, ве шибаат ветришта од различни страни. Веројатно допрва ќе биде така, нема да биде подобро, во вашата сфера ќе биде само полошо, бидејќи знаеме кај живееме. Меѓутоа, ако тоа воопшто нешто ви значи, јас се вбројувам себеси, можеби незаслужено, во малата група македонски политичари кои секогаш давале поддршка на луѓето во невладиниот сектор, бидејќи мислам дека без една коегзистенција, заеднички залагања, во оваа иста сфера да им помогнеме на граѓаните да живеат подобро, меѓу политичарите и невладиниот сектор, меѓу владиниот и невладиниот сектор, дека нема да имаат среќа, нема да има просперитет, бериќет, за никој од нас.

Честитки за овој јубилеј, тоа е огромна бројка во една транзициска држава, да преживееш четврт век и да имаш зад себе респектабилни резултати е навистина подвиг достоен за почит. Реков од моја страна имате „карт бланш“ дека следниве 25 години, минимум, ќе ја имате и мојата поддршка во таа насока. Со среќа.


Пендаровски: ЦИВИЛ 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, залагајќи се за оддржлив мир и граѓанско помирување во општеството

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ