• Latest
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026 09:59
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5, ФОРУМ
Илустрација ВИ

Илустрација ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за состојбата на меѓуетничките односи во земјава? што ЦИВИЛ го постави на Фејсбук,  предизвика голем број реакции, коментари и различни гледишта од граѓаните. Иако ставовите се разликуваат, во најголем дел од коментарите провејува заедничка оценка дека главниот извор на тензии не се обичните луѓе, туку политичките елити и партиските структури.

„Најголеми проблеми прават неуспешните политичари. Само бараат начин да го скараат народот и потоа да профитираат од тоа“, пишува еден од учесниците во дискусијата.

Сличен став имаат и други граѓани кои сметаат дека меѓуетничките односи меѓу обичните луѓе се далеку подобри отколку што се прикажува во јавноста.

„Лично мислам дека меѓу народот нема никаков проблем. Проблемот е во политичарите. Луѓето си се нормални, проблем е што ги водат ненормални политичари“, наведува еден коментатор.

Повеќе граѓани оценуваат дека национализмот и етничките поделби се користат како политичка алатка за мобилизација на гласачите и за одвлекување на вниманието од реалните проблеми.

„Џабе не рекле – скарај па владеј. Политичарите ќе нè скараат по национална основа, а тие меѓу себе си го тераат бизнисот и се богатат“, гласи еден од коментарите.

Дел од учесниците во дискусијата предупредуваат дека постојаното поттикнување на етнички теми во медиумите и политичкиот простор создава непотребни тензии и омраза.

„Секој ден на сите канали само се контрираат и носат омраза. Треба повеќе да се слушаат луѓе од сите националности, а не постојано истите личности кои ги знаеме по нивните поделби“, смета еден граѓанин.

Во коментарите може да се забележат и спротивставени ставови за положбата на етничките заедници во државата. Некои сметаат дека постои нерамнотежа во правата и политичкото влијание, додека други предупредуваат дека токму таквите наративи дополнително ги продлабочуваат поделбите.

Во некои коментари се посочува улогата на етничките партии во одржувањето на политичките тензии, како и ставови дека националистичките политики се пречка за вистинско општествено обединување.

„Со националистички партии нема можност за обединување и меѓуетничките односи се во хаос“, наведува еден од коментаторите, додека друг додава дека „меѓуетничките односи на обичните граѓани се на исклучително високо ниво, а проблемот е во меѓупартиските конфликти“.

Меѓу бројните реакции се издвојуваат и повици за поголема граѓанска свест и надминување на етничките поделби.

„Треба да се освести целиот народ дека постојат само Човек и Нечовек“, гласи една од пораките што доби поддршка од дел од учесниците во дебатата.

Дискусијата покажува дека граѓаните имаат различни перцепции за состојбата на меѓуетничките односи, но значителен дел од нив се согласуваат дека политичките пресметки и партиските интереси имаат големо влијание врз создавањето и одржувањето на тензиите во општеството.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ