• Latest
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026 11:30
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Случајот со неовластениот пристап до информатичкиот систем на Кабинетот на претседателката Гордана СИлјановска Давкова продолжува да отвора прашања во јавноста, откако поранешниот претседател Стево Пендаровски јавно ја оспори тезата дека не станува збор за афера само затоа што класифицираните документи се чуваат на хартија.

Во интервју за „360 степени“, Пендаровски потврди дека за време на неговиот мандат класифицираните документи навистина биле доставувани и архивирани во писмена форма, но нагласи дека тоа не значи дека други чувствителни информации не можеле да бидат предмет на неовластен пристап.

„Точно е дека сите класифицирани документи, барем до пред две години, се добиваа на хартија. И на хартија се архивираат. Меѓутоа, да кажеш дека нема афера затоа што сè се добива на хартија, значи да го занемариш фактот дека е суспендиран ИТ-техничар“, изјави Пендаровски.

Неговото клучно прашање е едноставно:

„Велиме немаме афера – за што е суспендиран? Просто, зошто е суспендиран?“

Според поранешниот претседател, дури и ако класифицираните документи не се достапни преку компјутерската мрежа, останува можноста за пристап до електронска комуникација, службени мејлови и внатрешна преписка.

„Добро, а може ли да се извлечат мејловите, преписката внатре во кабинет или од кај мене до влада, до министерства – има и мејлови“, рече Пендаровски.

Тој потсети дека лицето кое се споменува во јавноста како дел од случајот работело во Кабинетот на претседателот и за време на мандатите на Ѓорге Иванов и на самиот Пендаровски, без претходно да бидат забележани слични инциденти.

„Во 10 години на Иванов немаме чуено за ваква афера. Во моите пет години немаме чуено ни индиција дека вакви работи правел тој човек. Работел и кај мене и кај Иванов. Сега се случува и јавноста заслужува минимум одговор за што станува збор“, изјави тој.

Не е само прашање на документи, туку на системи

Токму ова прашање е во фокусот и на анализите што се појавија во јавноста по избивањето на случајот.

Во колумната  „ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва“ објавена на ЦИВИЛ Медиа, Џабир Дерала предупредува дека дебатата не смее да се сведе само на тоа дали класифицираните документи се чувале на хартија или во електронска форма. Суштината на случајот е дали постоел неовластен пристап до информатичките системи и комуникациските канали на институцијата.

„Не е прашањето дали некој украл документ, туку дали бил пробиен системот“, се наведува во колумната.

Дерала оценува дека евентуален упад во информатичката инфраструктура на Кабинетот на претседателката претставува сериозно безбедносно прашање за државата, особено имајќи предвид членството на Северна Македонија во НАТО и обврските што произлегуваат од размената и заштитата на информации со сојузниците.

Во таа насока, и прашањата што ги отвора Пендаровски се надоврзуваат на дилемата што сè повеќе се наметнува во јавноста – дали случајот е административен пропуст, индивидуална злоупотреба или безбедносен инцидент со пошироки импликации.

Јавноста очекува одговори

Додека институциите тврдат дека постапуваат согласно законските процедури, а претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оценува дека нема основа случајот да се квалификува како шпионска афера, поранешниот претседател смета дека околностите бараат подетално објаснување.

Фактот дека е покрената постапка и дека е суспендиран вработен задолжен за одржување на компјутерската мрежа, според него, е доволна причина јавноста да добие јасни и целосни информации за тоа што точно се случувало во информатичкиот систем на една од најважните државни институции.

Засега остануваат отворени прашањата дали имало неовластен пристап до комуникации и податоци, какви биле размерите на евентуалниот упад и дали случајот има пошироки безбедносни импликации. Токму одговорите на тие прашања ќе покажат дали станува збор за изолиран инцидент или за афера што заслужува многу поголемо внимание од институциите и јавноста.

Б. Јордановска


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ