• Latest

(ЕКСКЛУЗИВНО) Втор дел од интервјуто со Ветон Сурои за ЦИВИЛ МЕДИА: Формирањето на „Ветевендосје“ во Албанија и Северна Македонија не е добар рецепт за добрососедство

November 17, 2023

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Втор дел од интервјуто со Ветон Сурои за ЦИВИЛ МЕДИА: Формирањето на „Ветевендосје“ во Албанија и Северна Македонија не е добар рецепт за добрососедство

November 17, 2023 14:23
in АНАЛИЗИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иако дојде на власт велејќи „нема да има Заедница на српски општини“, за да потоа да рече „нема да има моноетничка Заедница“, во февруари и март косовскиот премиер Албин Курти сепак се согласи „да обезбеди соодветно ниво на самоуправување за српската заедница во Косово“, и сега го пофалува меѓународниот предлог што му беше доставен во октомври за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство.

На овој начин еволуираше ставот на косовскиот премиер Курти, за што се коментира дека направил компромис да прифати формирање на заедница на општини со српско мнозинство во замена за „де факто“ признавање. Во овој контекст, секогаш во центарот на вниманието се односите меѓу Косово и Албанија, за кои албанскиот премиер Еди Рама често го предупредуваше Косово, па дури и предлагаше нацрт за формирање Заедницата, што предизвика реакции во Косово. Последно, меѓу многуте прашања, се шпекулациите за отворање огранок на партијата „Ветевендосје“ (Самоопределување) во Северна Македонија, на што исто така се гледа низ остра критичка призма.

Косовскиот публицист  и писател Ветон Сурои, со своја анализа на сите овие теми разговараше за ЦИВИЛ МЕДИА, изразувајќи ги своите ставови за нацрт-статутот на Здружението, односите Косово-Албанија и отворањето на огранокот „Ветевендосје“ ( Самоопределување) и во Северна Македонија.

Интервјуто е снимено на 15 ноември, во пресрет на Втората скопска дебата за Европа (17-19 ноември), каде што г. Сурои е говорник на дебатата „Косово помеѓу геополитичкиот знак и конфликтната реалност“ со која се отвора овој важен настан. Дебати за Европа и Контрапунктсе организатори на настанот, кој е поддржан од Федералното Министерство за надворешни работи на Германија.

НАЗМИ АБДУРАХМАНИ / ЦИВИЛ МЕДИА: Дијалогот се интензивираше и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство стана клучно прашање. Премиерот Албин Курти во октомври беше подготвен да потпише договор за формирање на „Заедницата“, според меѓународниот предлог. Сега, од една страна, го имаме премиерот Курти кој вели дека нацртот е подобар од оној од 2013 или 2015 година, иако не е најдобар, а од друга страна, ги имаме другите,  кои велат дека со овој нацрт се прави „боснизација“ на Косово.  Дали сте имале увид до овој нацрт и како го коментирате?

ВЕТОН СУРОИ: Не можам да шпекулирам, бидејќи не сум го видел нацртот. Она што можам да го кажам е дека се соочуваме со период кој не е многу продуктивен во дијалогот бидејќи имаме избори во Србија на 17 декември и секогаш е тешко во која било земја да се водат преговори додека има изборен процес. Од друга страна, по изборите во Србија, верувам дека ќе помине период од неколку месеци, обично три до шест месеци за формирање на Влада, така што во најдобар случај во однос на дијалогот, ќе има нова Влада на Србија на пролета следната година. Дотогаш мора да се утврди и дали страните прифатиле договор или не. Сега влегуваме во месец декември, а состанокот на кој беше претставен основниот договор се одржа во Брисел од февруари годинава. Основниот договор има асиметрија затоа што Косово го прифаќа и го прифати, а Србија не го прифати, а кога немаш договор од двете страни, нема договор.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што мислите за компромисот за де факто признавање на Косово во замена за формирање на Заедницата?

СУРОИ: Не ни знаеме каков е нацртот на Заедницата. Ова е работа што ја имаат во свои раце премиерот Курти и српскиот претседател Вучиќ, а не знаеме што значи де факто признавање бидејќи де факто признавањето не е кодифицирано. Не постои член во меѓународното право во кој се вели дека ова е де факто признавање.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во овој контекст постојано се споменува признавањето што се случи  меѓу двете Германии?

СУРОИ: Признавањето меѓу двете Германии се случи, но го имавме премиерот на Источна Германија и премиерот на Западна Германија, го имавме уставното име на двете земји што е Сојузна Република Германија и Демократска Република Германија. Имаше целосно јасен договор кој двајцата премиери го потпишаа, потоа и двата парламенти го спроведоа, и владите и така натаму. Во овој случај, ние немаме таков случај, немаме де факто признавање бидејќи за да имаме де факто признавање, мора да се реплицира основниот германски договор.

ЦИВИЛ МЕДИА: Ќе ве прашам за односите Косово-Албанија, каде што не изостануваат вашите критики за раководството на Албанија. Дали мислите дека Албанија го разбира Косово, кога Косово зборува против секоја регионална иницијатива во која е вклучена Србија, а според албанскиот премиер Еди Рама, однесувањето на Косово понекогаш изгледа ирационално.

СУРОИ: Мислам дека не оди во прилог на премиерот Рама да одредува што треба и што не треба да каже Владата на Косово, или што треба или што не треба да каже која било друга влада. Суштинско почитување на суверенитетот е да не се мешаме во нивниот развој, особено што тоа нема никаква врска со случувањата меѓу Косово и Албанија. Затоа што, на пример, ако навлеземе во преговорите за трговија на компири, колку ќе биде данокот за влез во Албанија или обратно, тогаш може да се каже да, во право е. Тоа нема никаква врска со односите меѓу Косово и Србија. Значи, замислете ситуација денес некој од Владата на Косово да му држи предавања на премиерот Рама што треба да прави со случајот Бејлери, како да ги реши односите со Грција, за Грција да не го спречи почетокот на преговорите на Албанија со Европската Унија. Сето тоа се легитимни прашања, но на никој во Косово не му е место да се меша.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали гледате некакво ривалство, протагонизам меѓу премиерот Курти и Рама?

СУРОИ: Не влегувам во протагонизми. Мислам дека тоа е граница која лидер на Албанија не треба да ја премине. Граница која лидер на Косово не треба да ја премине. Албанија беше во право кога се жалеше на присуството на премиерот Курти на последните албански избори за формирање на движење „Ветвендосје“ во Албанија. Ова едноставно не е добар рецепт за добрососедски односи. Косово и Албанија треба да се научат дека нивните односи треба да бидат соседски и добри. Се разбира дека не се работи за Шпанија и Португалија да речеме. Тоа е еден поделен народ, но управувањето со државите значи обврска кон гласачите, кон парламентите и така натаму.

ЦИВИЛ МЕДИА: Споменавте отворањето на огранокот на „Ветевендосје“ како политичка партија во Албанија. Неодамна се појавија шпекулации и обиди за отворање на огранок на „Ветевендосје“ во Северна Македонија. Како ги гледате овие движења на „Ветевендосје“ како владејачка политичка партија која има тенденција да се шири надвор од границите на Косово?

СУРОИ: Сега ќе ви кажам нешто, малку сум постар и имам малку повеќе искуство. Во 1990 и 1991 година во поранешна Југославија кога бев дел од консултативниот совет на политичките партии на Косово и консултативниот совет на политичките партии од поранешна Југославија. Тогаш донесовме одлука политичките партии на Косово да не отвораат ограноци и по под-ограноци во Македонија, во Јужна Србија во Црна Гора, значи надвор од Косово.

А овој модел се применуваше и на ниво на тогашна поранешна Југославија и на тој начин ја зачувавме кохезијата на албанските политички партии бидејќи немаше натпреварување, затоа што тогаш констатиравме дека нај лошото нешто што можеме да им направиме на политичките движења надвор од Косово е ако нашата конкуренција се реплицира во тие делови, ако се создаде ограноци и под-ограноци. Ова се сметаше за негативно во случајот на хрватските политички партии и нивните партиски дистрибутери во Босна и Херцеговина, српските политички партии и нивните дистрибутери во Босна и Херцеговина. Овој рецепт функционираше и мислам дека овој рецепт треба да продолжи да функционира, дека најздрав начин за одржување на односите меѓу Албанците во земјите каде што живеат е со почитување и не мешање во работите на Албанците во другите земји.

Разговорот го водеше: Назми Абдурахмани
Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети


  • Линк до оригиналот на албански јазик, објавен на DREJT.MK
  • Линк до првиот дел од интервјуто, објавено на македонски јазик на ЦИВИЛ МЕДИА
  • Линк до оригиналот на англиски јазик, објавен на CIVIL.TODAY
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ