Categories

ТЕХНОЛОГИЈА Електричните автомобили со нов начин за брзо полнење

Еден од главните недостатоци за одржливоста на електричните возила е секако времето потребно за полнење на батериите. Но, со здружени напори и посветеноста на инженери и индустриски лидери, во изминатата деценија постојано се зголемува поддршката за електричните возила, со истакнување на предностите во аспект на ефикасноста и одржливоста.

Научници од Универзитетот во Глазгов се на прагот да пронајдат решение и за овој проблем. Тимот од хемичари од оваа институција, развиле таканаречена „течна батерија“ што користи водород или наномолекули, способни за складирање на електрична енергија. Резултатот е нов динамичен концепт за складирање на енергија. Новата батерија е наречена „hybrid-electric-hydrogen“, а идејата е да се постигне време на полнење на електричните возила еднакво на времето на полнење на бензин.  Просечното време на полнење на батериите на електричните возила во моментот е неколку часа.  Истражувањето е објавено во списанието Nature Chemistry.

Ф. Петровски

Print Friendly, PDF & Email