• Latest

Електронските медиуми под лупата на АВМУ

April 15, 2019

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Електронските медиуми под лупата на АВМУ

April 15, 2019 17:41
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денес го објави Првиот извештај за начинот на известување на радиодифузерите во текот на изборната кампања за периодот од 1 до 9 април 2019 година.

Со мониторингот беа опфатени вкупно 32 програмски сервиси, односно 15 програмски сервиси на национално ниво (13 ТВ и две радија), 17 регионални и локални телевизии. Во првите девет дена од кампањата, националните медиуми повеќе се концентрираа на активностите на претседателските кандидати, а некои од нив во вестите воопшто не известуваа за локалните избори или патем спомнаа некој од кандидатите. Две телевизии известуваа само за изборите во Општина Дебар.

Регионалните и локалните медиуми пак, беа поконцентрирани на локалните избори за својата општина, но со мали минутажи, со исклучок на ТВМ со седиште во Охрид која во поголемиот дел од вестите информираше за активностите поврзани со кампањата за градоначалник, велат од АВМУ.

„За претседателската кампања не се известуваше со голем интензитет, поради што може да се каже дека времето алоцирано за кандидатите не е доволно големо за да се извлечат оценки за тоа колку е почитуван принципот на еднаква распределба на времето меѓу тројцата кандидати, односно дали е постигнат баланс во известувањето. Сепак, наодите даваат индиции за тоа дали и како е запазен принципот на еднаквост.

Анализата утврди неколку пристапи на известување во медиумите. Некои од медиумите настојуваа да обезбедат еднаквост во распределбата на времето што го одвоиле заедно за кандидатите и за партиите кои ги поддржуваат, други настојуваа да обезбедат приближна еднаквост на времето меѓу кандидатите. Кај некои од радиодифузерите преку времето може да се согледа разликата во интензитетот на кампањата на Блерим Река – било поединечно, било заедно со партиите кои го поддржуваат, додека кај некои медиуми помалото време за кандидатот Блерим Река, освен на интензитетот на неговата кампања, се должи и на разлика во пристапот – покуси прилози, без директни обраќања, што не е случајот со известувањето за останатите двајца кандидати.

Практиката на ТВ Сонце да ги пренесува пред сè ставовите на политичката партија Македонска Алијанса, чиј претседател е сопственик на телевизијата, продолжи и во првите девет дена од кампањата.

Повеќето медиуми реализираа и посебни информативни емисии (интервју и/или дебати) посветени на изборите, а во останатиот дел од дневно-информативните емисии, вообичаено најмногу време се одвојуваше за активностите на Владата.

Јавниот сервис МРТ1 и ТВ 24 Вести обезбедија информации за лицата со оштетен слух, со тоа што на знаковен јазик се преведуваше едно дневно издание на вестите, како и дел од дебатите“, се вели во соопштението на АВМУ за првиот извештај од начинот на известување на радиодифузерите во изборната кампања.

Б. Јордановска

Share23TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ