• Latest

Енергетскиот сектор бара едуцирани „зелени“ работници кои ќе работат со нови технологии

April 29, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1 дел): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Енергетскиот сектор бара едуцирани „зелени“ работници кои ќе работат со нови технологии

April 29, 2020 08:44
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Енергетскиот сектор кој се потпира на фосилни горива, традиционалното градежништво и третманот на отпадот се меѓу главните сектори кои ќе претрпат сериозни измени во трансформацијата кон зелена економија. Борбата со климатските промени и напорите за заштита на животната средина на глобално ниво, но и во Македонија, форсираат премин кон посериозно искористување на обновливите извори на енергија, кон енергетска ефикасност и селекција и рециклирање на отпадот. Ова се економски гранки кои во светот се развиваат неколку децении наназад и привлекуваат сериозен процент од работната сила. Циркуларната економија е единствениот модел за одржливо живеење и опастанок на планетата, и во последните децении има потреба и креира зелени работни места главно фокусирани за зазеленување на овие сектори.

Во процесот на енергетска транзиција, смета Антонио Јовановски од невладината организација „ГоуГрин“, индустриите во фосилните горива ќе искусат пад и губење на работни места, за разлика од секторите на обновливите извори и енергетска ефикасност кои ќе имаат голема побарувачка на работници.

„Според анализите, градежништво ќе има најголем апсолутен пораст на побарувачка на зелени работни места на глобално ниво, додека, пак, производството на електрична енергија од топлинска-соларна енергија се очекува да има најголем процентуален пораст. Со преминот кон зелена економија се очекува да се затворат работни места кои не може да се квалификуваат како зелени, како тие во нафтената индустрија и во секторот на третирање на јагленот“, вели Јовановски.

Преминот кон зелена економија не ја заобиколува ниту Македонија. Статегијата за енергетика во две од трите сценарија предвидува напуштање на јагленот како енергенс и инвестиции во енергетски постројки на сонце и ветер, а енергетската ефикасност го трансформира градежништвото и потребите на модерните домови, кои се водат од начелото дека нејевтината енергија е онаа која нема да се потроши. Енергетскиот систем во земјава е зависен од јаглен, што е една од главните причини што се соочуваме со најзагаден воздух на глобално ниво. Транзицијата кон чисти извори на енергија е неопходна, не само за да се остварат енергетските и климатските цели, туку и да се заштити здравјето на луѓето.

„Процесот на постепено напуштање на термоелектраните за јаглен значи и обезбедување на работни места за илјадници работници од оваа индустрија преку навремено подготвување на план за правична транзиција и стратегија за зелена економија и зелени работни места“, нагласува Јовановски.

Според анализите во Вториот двогодишен извештај за климатски промени на Министерството за животна средина, најголемата потреба за „зелени“ работници се јавува во изградбата на нови згради по стандардите за енергетска ефикасност и надградбата на старите згради, каде до 2035 година, се очекуваат повеќе од 4.000 зелени работни места, потоа во поставувањето на соларни панели над 2.200 работни места, на соларните колектори над 1.500, на ветерните електрани над 500…

Потребата од „зелени“ работници кои се квалификувани да работат со најновите технологии е сè поголема, а предизвик за компаниите е да ги најдат на пазарот на труд. Според проф. Илија Насов, Центарот за плазма технологии „Плазма“ поседува најнови технологии за површинскиот инжинеринг или подобрување на особините на површините на скоро сите материјали, посебно развој на компоненти за сончеви колектори, а компанијата „Камел Солар“ произведува сончеви топлински колектори и најновите хибридни фотоволтаични термални колектори. Вработуваат високо и средно образовани работници, а сите имаат потреба да се надградат со знаење и пракса од повеќе области како познавање на технолошкиот процес, управување со технолошкиот процес, а посебно програмирање на автоматски процеси и управувања.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ